НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 1.000 евра за секој непријавен

0
By Нова ТВ on January 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Измени на законот за работни односи содржат предлогот за воведување мандатни казни за непријавените работници. „Има делумна промена на прекршочната политика со тоа што ќе се воведат мандатни казни доколку се затекнат до две непријавени лица“, објаснува министерот Ристовски.

– Притоа, работодавачот ќе треба да плати по 1.000 евра за секое од двете непријавени лица и обврска да ги пријави во рок од осум дена и да ги плати казните. Доколку тоа не го направи објектот каде се извршуваат работните задачи ќе биде затворен, вели министерот за труд и социјала, Спиро Ристовски.

Според него доколку се најдат три или повеќе непријавени работници мандатни казни нема да има, туку објектот веднаш ќе биде затворен. „Во услови кога објектот ќе биде затворен работодавачот нема да смее да отпушти ниту еден вработен, туку ќе треба да им исплаќа плати во висина од 70 проценти од последната исплатена плата“, вели министерот.
Измените на законот имаат за цел да ги заштитат правата на работниците и да ги спречат злоупотребите при спогодбените откази, како и да ја намалат бројката на непријавени работници.

– Со последните измени на Законот за работни односи, кои се на јавна расправа, во консултација со синдикатите и работодавачите се обидовме да ги коригираме состојбите коишто се детектирани како проблеми. Со нив се предвидува да не постои бланко потпишана изјава за отказ, ситуација која што често пати се случуваше и предвреме беше потпишуван отказот. Работодавачите дополнителни само го допишуваа датумот.

– Сега се предвидува само горниот, односно суштинскиот дел на текстот да биде унифициран и изработен, но долниот дел каде што се потпишува работникот и работодавачот да остане целосно празен. Тука работодавачот и работникот ќе имаат обврска комплетно своерачно да го напишат името, презимето, датумот и местото на престанок на работниот однос, рече Ристовски.

Со ова, според него, многу ќе се намали веројатноста дека некој ќе се обиде да фалсификува нечиј потпис или целосно име и презиме или датум.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.