Цветанка Иванова од СДСМ во својот говор во собранието по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за агенциите за привремени вработувања, истакна дека ова законско решение е класично поставување во обланда на едно добро решение за граѓаните, а всушност се нуди едно лошо решение.
Нејзините забелешки пред се се однесуваат на ингеренциите на министерот за труд и социјална политика кој ќе има право да донесува подзаконски акт, односно му се даваат овластувања тој да одредува кој ќе биде корисник на сите овие поволности предвидени со измените на законот за осигурување во случај на невработеност.
И покрај најавите на оваа влада дека ќе ги намали дискреционите права на министрите тие стануваат се поголеми, истакна Иванова.
„Навидум добра измена којшто ништо добро нема да донесе, тоа е субвенционирање на работници во приватен сектор. Оваа измена се носи во корист на владата, а не на невработените и работодавачите.
– Да субвенционирате и при тоа субвенцијата да биде 80 проценти од висината на социјалната помош тоа значи дека ниту еден приватен работодавач ќе нема интерес да ја користи оваа субвенција. Висината на субвенцијата требало да биде многу поголема за да има заинтересираност кај работодавачите за да се создадат услови за вработување по овој основ.
– 2.- 3.000 денари е социјалната помош. Кој работодавач за 1.000 денари субвенција би вработил некој или оваа мерка ќе ја користите како дополнителен притисок врв работодавачите“, рече Цветанка Иванова од СДСМ, која сепак на крај истакна дека опозицијата ќе ги поддржи овие измени, но ќе ја следи нивната имплементација.