ВМРО-ДПМНЕ е партијата која откако е на власт успеа да ја намали невработеноста во Република Македонија за цели 10%. Како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ги поздравуваме активните мерки на Владата преку оперативниот план, во кои се најавени вработувања на над 4000 лица за 2014 година, истакна на прес-конференција Светлана Јакимовска, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ.
Новите мерки кои ги предложи Владата на Република Македонија, за кои се издвоени 525 милиони евра ќе обезбедат нови 4000 вработувања, а со тоа и егзистенција на исто толку семејства.
Како што најави Јакимовска, процесот ќе биде објавен на 3 февруари, преку јавен оглас за вработување на лица, а ќе се спроведува преку три мерки од оперативниот план:
– Првата мерка е наречена Прва шанса и е наменета за субвенционирање на вработување на млади лица до 29 годишна возраст со завршено високо образование во 2012/2013 година. Во оваа категорија ќе се вработат 50 лица на кои државата во рок од три месеци ќе им доделува 13 000 денари, додека работодавецот ќе биде задолжен овие лица да ги задржи на работа најмалку 6 месеци.
– Втората мерка предвидува вработувања на лица врз основа на нивните вештини во рамките на секторот транспорт. За едно лице да се вработи во овој сектор ќе треба да има положено за возачка дозвола категорија Ц и тоа најмалку две години. Исто така на овие лица ќе им биде обезбедена бесплатна обука за полагање на Д категорија. Овие лица ќе бидат вработени од страна на државата во рок од три месеци.
– Третата мерка од оперативниот план се однесува на обука кај познат радотодавач. Оваа мерка ги опфаќа активните баратели на работа при што приоритет ќе имаат лица до 29 години и лица помеѓу 50 и 59 години. Со оваа мерка работодавачот три месеци ќе зема субвенции од 5.700 денари од државата за секој вработен, а негова обврска ќе биде на работа да задржи 50% од лицата кои ќе се вработат. За овие лица ќе се издвојува месечна плата од 13.000 денари, а работодавачот е должен да ги задржи на работа уште 12 месеци.Искрено се надеваме дека преку овие мерки многу луѓе ќе ја осигураат својата егзистенција и исто така очекуваме голем одзив од граѓаните кои сеуште бараат работа, соопшти денеска на прес-конференција Светлана Јакимовска, пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО – ДПМНЕ.