НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Совет на амбасадори: Со предлог преговарачката рамка сме поблиску до датум за преговори

0
By Нова ТВ on July 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ денеска преку соопштение ја поздрави веста дека Европската комисија (ЕК) ја доставила предлог рамката за преговори со Република Северна Македонија до Советот на Европската Унија (ЕУ).

„Сметаме дека во време на искучително сложена пандемиска ситуација, прашањето за постапката за отпочнување на преговори на земјите од Западен Балкан и посебно за нашата земја е значајно за патот кон евроинтеграциите. Факт е дека од осамостојувањето па сé до денеска ние сме многу поблиску до добивање на датум за отпочнување на преговарачкиот процес. Склучените договори со Бугарија и со Грција се потврда дека кај нас во последните три години интензивно се работи на отворање на нова страница во меѓународните односи со што се унапредени меѓусоседските односи, еден од клучните Копенхашки критериуми“, наведуваат од Советот на амбасадори.

Советот на амбасадори, воедно, и во оваа прилика упатува благодарност до државните институции и лидери на Хрватска за вложените напори за поддршка на нашата земја при донесување на одлука за отворање на преговарачкиот процес со ЕУ за време на нејзиното претседавање со Унијата.

„Убедени сме дека од овој момент заеднички во земјата ќе работиме и ќе ги заокружиме бараните реформи во понатамошен од кон Унијата и конечно за време на претседавањето на Германија да се оддржи и првата меѓувладина конференција и на крајот Република Северна Македонија да добие и датум за започнување на преговорите. Советот е, исто така, убеден дека земјата ги има направено потребните подготовки за успешно завршување на преговорите во најдобар очекуван можен рок со што успешно ќе го заокружи целиот процес на интегрирање во ЕУ. За успешно финализирање на овој процес, Советот ги повикува граѓаните, политичките партии и идната влада безрезервно и со голема одговорност го дадат својот придонес во борбата против коронавирусот, а особено во предизборниот процес успешно да реализираме слободни, демократски и фер избори“, порачуваат од Советот на амбасадори.

Советот на Амбасадори изразува и жалење за, како што велат, некои политички партии кои во нивните предизборни спотови и на моменти со груб и навредлив политички жаргон се враќаат на веќе заборавени теми од минатото, наместо да нудат европски перспективи за граѓаните. Во тој контекст Советот смета дека ангажирањето на деца во политички настани е непримерен акт спротивен на меѓународните конвенции и како таков заслужува осуда, се наведува во соопштението.

Совет на амбасадори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.