НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата одлучи минималецот ќе изнесува 8.800 денари

0
By Нова ТВ on January 28, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На последната владина седница биле усвоени измените на Законот за минимална плата со кои од март годинава треба да започне тригодишното зголемување на минималната плата.

Последната синдикална минимална потрошувачка кошничка во Македонија, измерена од страна на Сојузот на синдикатите изнесува 32.215 денари, а минималмата плата од март оваа година ќе изнесува само 8.800 денари.

Согласно измените на Законот, во март годинава минималната плата ќе изнесува од сегашните 8.050 денари на 8.800 денари, во март 2015 година – 9.590 денари, а во март 2016 година ќе достигне 10.080 денари. За текстилната и кожарската индустрија ќе има период на прилагодување до 2018 година.

За синдикатите, работодавачите и Владата, значајно е тоа што зголемувањето на минималната плата е направено со заеднички договор меѓу сите социјални партнери.

– Нема причина да не веруваме дека ќе се спроведува законот, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денешната заедничка прес-конференција со синдикатите и работодавачите.

Тој нагласи дека зголемувањето на минималната плата се прави во време кога Македонија има најниско ниво на невработеност и кога се креирани над 100 илјади нови работни места.

– Иако имаше скептицизам дека социјалните партнери ќе утврдат минимална плата, тоа го направивме со историскиот договор во 2011 година, а денес во услови на криза успеавме да се договориме и да ја зголемиме минималната плата, рече претседателот на Сојузот на синдикати Живко Митревски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.