Петар Богојески од Македонски концепт, партијата која на овие избори, на избирачкото ливче ќе биде под бројот 10, преку Фејсбук ги повика своите следбеници и граѓаните да го заокружат тому тој број.
„ Ако му верувате на Заев дека ќе донесе правда во земјава или на Мицкоски дека ќе го врати старото име, знаме и сл. Ве молам да си гласате за нив… на нас ни се потребни гласови на освестени граѓани со интегритет, кои ја разбраа играта помеѓу СДСМ1 и СДСМ2 (ДПМНЕ) за нивно меѓусебно пазарење на сметка на правдата! Не гласајте за Заев, затоа што нема да расчисти со Груевски!
Не гласајте за Мицкоски, затоа што нема да расчисти со Заев! Половина од нивните кандидати се под кривичен прогон… тие на овие избори се борат за сопствената слобода и кариера, а не за доброто на граѓаните! Не гласајте за пајтон партиите, некакви левици или десници, тие работат за Заев или Мицкоски“, напиша Богојески на Фејсбук.
Тој додава дека ги разбира оние кои имаат намера да не излезат на гласање или да ги поништат гласачките ливчиња.
„ Така нема да ги казните криминалците, зашто тие повторно ќе си изберат 120 пратеници и ќе создадат криминална Влада!
Најдобро е ние сами за себе да одлучиме! Да излеземе и масовно да гласаме за бр.10, да ја преземеме контролата во наши раце! Ако не гласаме различно, ќе си остане се по старо и ништо нема да се смени следните години! Само граѓанска контрола во Парламент може да ги менува работите“, напиша Богојески.
Тој повика неговите фејсбук-следбеници да ја споделат неговата порака до што е можно повеќе пријатели и познаници.