На Јутјуб денеска е објавена снимка од телефонски разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.
Тие во разговорот се договараат како да исценираат сообраќајна незгода на патот од Охрид кон Кичево, за албанските глсачи кои пристигнале на Охридскиот аеродром, да не може да отидат во Кичево на гласање.
„Му реков и на Миле, мислам дека контактирал со Илија, најарно е некој камион да се преврти со песок и да се блокира патот“, вели Јанулоска во снимката.
Милошоски ја прашува „А царинава може нешто да направи?“.
„Не знам за царината, ние ги замоливме вака колегијално и они да направат“, вели Јанкулоска.
„Вие си го знаете патот, ама мора така да се направи, видете некој од градежнициве да ви излезе во пресрет. Ете една приколица песок нека ја изврти таму, мислам он штета нема да има, само ќе го изблокира патот и ај со здравје“, вели Јанкулоска на крајот од разговорот.
Јанкулоска своевремено беше министерка за внатрешни работи во Владата на Никола Груевски.