НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младата 24 годишна жена која почина од Ковид немала претходни заболувања

0
By Менче Атанасова Точи on July 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дваесет и четиригодишната пациентка од Тетово која почина од Ковид, немала никакво претходно заболување. Tака стои во медицинското досие на Клиникатата за инфективни болести каде што се лекуваше од 28 јуни, кога била донесена во многу тешка состојба.

Токму, тоа дека нема никаква претходни заболувања во анамнезата создава дилема кај инфектолозите, како можело да се случи толку млада и на изглед здрава жена, да почине од компликации од Ковид-19.

„Имаше лесно подобрување во текот на лекувањето, но настана попуштање на срцето и тромб емболија во белите дробови. Изгледаше здрава, немаше вишок на телесна тежина, што создава сомнеж дека можеби стварно имало нешто од претходно.

Ќе разговараме со експертите во МАНУ и на Институтот за имунологија да се види дали може да се направи некое генетско испитување. За нас е дубиоза ова, млада, на изглед здрава жена на 24 години да почине како последица на Ковид-19“, изјави за НОВА, д-р. Милена Стевановиќ директорка на Клиниката за инфективни болести.

д-р.Милена Стевановиќ директорка на Клиниката за инфективни болести

Пациентката била болна една недела пред прием на Клиниката за инфективни болести. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Лекувана е од матичен лекар со инфузиони раствори 4 дена, а поради опстојување на тегобите се јавиле во болницата во Тетово.

Направен е тест за Ковид, добиен е позитивен наод и пациентката е хоспитализирана. Со тешка клиничка слика, ниска сатурација и отежнато дишење е префрлена на Инфективната клиника во Скопје на 28 јуни.

Во тек на лекувањето на клиниката се применети сите можности за лекување, била и на кислородна поддршка, по што се забележа извесно подобрување, велат од клиниката.

„Но краткотрајно, со наредно повторно влошување и клинички знаци на срцева слабост и белодробна тромб емболија. И покрај сите преземени начини за лекување во тесна соработка со кардиолог, пациентката и подлегна на болеста.

За пациентката нема пријавен податок дека имала претходни хронични заболување, но поради сомнеж на лекарите за можни коморбидитети, во следните денови ќе се разговара со семејството за здравствената состојба на починатата пред инфекцијата со Ковид-19“, објаснуваат од клиниката.

Младата жена била кратко време во брак, немала деца и работела како сметководителка. Таа се најде на листата на денешниот Ковид биланс, меѓу осумте починати во последното деноноќие.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.