НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одиме (ли) напред?

0
By Нова ТВ on July 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Пишува: Лина Костарова
Тие, на кои што никогаш не им се слушнал гласот, што никогаш немале можност да кажат што мислат, или што само низ насилство добивале внимание, тие не можат да знаат што значи дијалог, отвореност, разбирање и почит. Затоа што никогаш не ги почувствувале на себе и немале каде да ја научат и препознаат нивната моќ и предност.
Тие што никогаш не се осмелиле да кажат за себе – „доста е“, „сакам нешто друго“, „сакам повеќе и подобро“ и што никогаш не биле спремни лично да застанат зад тоа – вистински, отворено, директно и без манипулации – тие не можат да разберат што губат кога другите одлучуваат за нив. Кога целиот живот им зависи од туѓи замисли, идеи и решенија, без никакво учество и размена. И тогаш кога добиваат незаслужени позиции и признанија, се уште позбунети и уште помалку разбираат дека се излажани, всушност. Желни за внимание, што никогаш не го искусиле, тие во тоа препознаваат милост и грижа, по кои ќе продолжат да копнеат, наместо да се охрабрат и да кажат, фала не треба, можам и сам/а.
Тоа можам сам/а
Тоа никогаш нема да го кажат, зашто не научиле да веруваат во себе, без потврда и одобрение од другиот, дека вредат. Често и по цената на откажување од себе.
Тие што пораснале со закани за послушност, со страв и вина, што однапред биле казнувани, за секој случај, за да не згрешат, со истите тие вредности владеат денес – во своите семејства, организации, заедници и држава. Тие никогаш нема да сфатат дека учеството, личните избори, почитта кон себе и другиот, и грешките во животот, се развојни алатки, на кои се темелат одговорноста, (само)довербата, посветеноста, личниот интегритет, без кои не е можно движењето напред.
Тие таквите не можат да не водат
Потребни ни се уште простори на слобода и на толеранција, што мораме допрва да ги освојуваме, без никакви условувања, но и без гаранции дека бргу ќе успееме да поставиме нови и повисоки стандарди, дека ќе го воспоставиме редот и довербата, неопходни за одржливост на сите добри идеи, и практики. Тоа се процеси во кои мораме сите да учествуваме за да успеат, затоа се бавни и неизвесни. Затоа бараат храброст, истрајност, договарање и многу разбирање.
Почитта кон другиот, толеранцијата кон различностите и личното учество во животот, се клучните вредности што мораме да ги градиме за нашите очекувања да станат реалистични и остварливи, а разочарувањата подносливи. Тоа се вредностите што го прават човекот одговорен пред себе, пред законот и пред заедницата. Развојот нема други опции, друг пат не постои…
Затоа е важно, исклучително важно кој ќе нè води
Важно е да се препознаат и да се тргнат од првите редови сите водачи за „спас“ на заедницата што поставуваат услови на прогонства, пресметки и чистки, што исклучуваат цели народи и групи, што не враќаат назад кон стравот, послушноста, затвореноста и погубните практики на нивниот збор, како последен. И што манипулираат со идејата дека само така, и само во тие услови може да се живее добро и безбедно.
Важно е да ги знаеме овие работи кога го правиме изборот за тоа кој ќе нè води. Нашиот избор е прифаќање на личната одговорност за сопствениот живот и за доброто на заедницата во која живееме.
Фејсбук пост на Лина Костарова 
држава заедница народ општество
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.