Во својот најнов филм кој се случува во високите политички сфери на Франција актерката Жули Гаје го носи името – Валери!
Валери Триервајлер е новинарката со која повеќе години живееше францускиот претседател Франсоа Оланд. Врска која тој се одлучи да ја прекина откако беше откриено дека шефот на државата е во тајна љубовна врска со актерката Гаје.
Актерката на крајот на февруари можеби ќе го добие високото признание “Цезар” на француската филмска академија за улогата во филмот “Кеј д Орсе” на Бертран Таверние. Таа ја игра улогата на советничка на министерот за надворешни работи, убава, интелигентна и заводничка. Гаје е во номинираните актерки за споредна женска улога а доделувањето на наградите, кои се еден вид француски “Оскар”, е предвидено за 28 февруари во Театарот Шатле во Париз.
Филмот е комедија која се обидува да ги пренесе на екран настаните од периодот кога министер за надворешни работи беше Доминик де Вилпен. Тоа се случува во почетокот на 2003 година кога Франција им се спротивстави на САД против одлуката за воен напад на Ирак. Со тој говор де Вилпен во Обединетите Нации доби огромен аплауз и тој е еден од говорите кои влегоа во француската историја.
Главната улога во “Кеј д Орсе” му е дадена во младиот Рафаел Персонез кој е младиот советник на министерот задолжен за пишување на неговите говори а улогата на де Вилпен ја игра Тиери Лермит.
Тиери Лермит и Жули Гаје во сцена од филмот
Откако магазинот “Клоузер” ја објави врската на Гаје со Оланд актерката се повлече со сите јавни настапи. Гаје која има 41 година има играно во над 70 филмови, од романтични комедии преку трилери и драми, но секогаш во споредни улоги. За време на кампањата за претседател на Франција во2012 година Гаје се појави во еден клип на кампањата во кој таа вели дека Оланд е “скромен”, “прекрасен” и “човек кој знае да ве сослуша”.
Откако Оланд ја прекина врската со Триервајлер јавноста со нетпрение очекува да чуе дали Гаје ќе биде следната прва дама на Франција.