НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарска негувателка во Германија тужи поради експлоатација

0
By Нова ТВ on July 20, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Готвење, перење, чистење, давање лекарства, купување, пеглање. Клиентот се придружува кога оди на лекар, на кафе, навечер дома. Како негувателка во Германија, Добрина Д. имаше полни раце работа. Нејзиниот работен ден беше далеку од завршен и по пораката „за добра ноќ“. Бугарката често мораше по неколкупати да станува навечер за да промени пелени или да даде лекови. Добрина Д. ѝ беше постојано на располагање на 96 годишната германска старица. Всушност, Бугарката живееше кај неа, пишува „Дојче Веле“.

„Морав да ѝ бидам 24 часа на располагање. Немаше слободни денови и немав воопшто време за мене,” вели Добрина Д. која денес има 69 години и вратена е во Бугарија.

Сè уште ѝ се свежи сеќавањата на 2015 година, кога започна да се грижи за старицата во Берлин: „Мојата агенција ме прелажа“.

Според договорот со нејзината посредничка агенција од Бугарија, Добрина Д. требало да работи само шест часа на ден и за тоа да биде платена 950 евра нето.

Таа покрена тужба во Германија и доби позитивна пресуда: работодавачот мора да ѝ исплати 42.000 евра. Според првостепената судска одлука оваа сума е соодветна на достапноста од 24 часа која треба да биде наградена најмалку со минимална плата. Бугарската агенција поднесе жалба.

Многумина не си ги знаат правата

Јустина Облачевич од геrманското здружение на синдикати (ДГБ) е „неверојатно возбудена“ од одлуката. Со години ги советува луѓето од Полска, пред сè, жените кои живеат во Берлин и кои според проценките се ангажирани како негувателки за околу 300.000 германски лица. Приказни како оваа на Добрина Д. слуша речиси секојдневно.

„Многу се радувам дека конечно некој се охрабри да тужи,“ вели Облачевич.

Има многу причини зошто ова се случува дури сега, иако со години има поплаки. Негувателките во Германија се кратко време, целосно се преокупирани, слабо зборуваат германски и не си ги знаат правата. Многу од нив се плашат од отказ. Гласините дека незадоволните се ставаат на еден вид „црна листа“ и никогаш повеќе нема да бидат ангажирани, им се познати на сите во браншата. ДГБ и Облачевич ја поддржаа Добрина Д. на суд. Тие се надеваат дека многумина можеби ќе го следат нејзиниот пример.

Се разводнува границата меѓу работа и слободно време

Моделот на негувателки од странство ги користи моделите за разлика во примањата и испраќање работници во рамки на Европската Унија. Тоа практично функционира вака: полска негувателка склучува договор со полска агенција за посредување, германско семејство со германска агенција. Двете компании склучуваат меѓусебен договор. Негувателката доаѓа на еден или три месеци во Германија. Откако ќе се наплатат провизиите, таа заработува во просек околу 1.300 евра месечно.

Јустина Облачевич агенциите за посредување ги гледа како профитери од ваквиот модел: „Тие имаат најмал ризик и најголема флексибилност. Цехот го плаќаат негувателите кои како квази самостојно вработени се ангажирани во германските домаќинства.”

Зад четирите ѕида во фамилиите се разводнуваат границите меѓу работно време, време во кое се на повик и времето за одмор. Во разговор со „Дојче Веле“ повеќе жени раскажуваат дека имаат проблеми ако бараат слободно време. Ако дојде до конфликт, тие го извлекуваат подолгиот крај. Често мораат за кратко време да бараат ново место за работа.

Негувателките од источна Европа се незаменливи

Многу агенции за посредување идејата за 24 часовно негување ја содржат уште во името како „Животна помош24“, „НегаЗаЛуѓе24“, „НиеСеГрижиме24“ со што се потхрануваат очекувања за 24 часовна грижа. Но, агенциите ја отфрлаат вината. Фредерик Зебом од Здружението за домашна нега и грижа вели дека „Се работи за голема конкуренција и клиентите за жал очекуваат формулација со 24 во името”.

Облачевич и Зебом се согласни за тоа дека германската држава предолго се држи на страна од бизнисот со домашна нега на стари лица. А, акутниот недостиг од персонал за нега оневозможува пренасочување на амбулантна нега. Германците зависат од тоа со помош на лица од источна Европа да се грижат за старите лица, вели Фредерик Зебом. „Нема друг начин”. Тој предупредува дека големото мнозинство негуватели и онака работат без договор и не се заштитени. Јустина Облачевич воздивнува: „Ако оваа пресуда не промени ништо на условите за работа во браншата не знам како ќе биде во иднина.”

Добрина Д. процесот го следи од дома, во Несебар на бугарското црноморско приморје. Таа е оптимист. „Сакам на моите колеги и на сите други да им покажам дека покрај обврски имаме и права кои треба да си ги браниме.” Со парите кои треба дополнително да ги добие сака на внуците да им овозможи добро школување за да не мора да „рмбаат” како ниско платена работна сила на Запад.

Бугарија Германија Експлоатација Источна Европа Негувателки тужба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.