Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенција за филм: Нема конфликт за интереси, антикорупциска ќе ја стопира истрагата

0
By Нова ТВ on July 27, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 27, 2020 18:06

Инспекцискиот надзор на Министерството за култура што постапуваше по пријавите од страна на Милчо Манчевски, за наводен конфликт на интереси во Агенцијата за филм, како и нејзиниот директор Горјан Тозија, констатираше дека се неосновани. Државниот Управен инспекторат ќе даде предлог Антикорупциска да ја стопира истрагата.

– Написите во истакнатите македонски медиуми sdk.mk, mkd.mk, radiomof.mk, кои во континуитет го дискредитираат угледот на Агенцијата за филм како и на рецензентите Ана Василевска, Бранко Петровски, без да проверат пишуваат дека има класичен конфликт на интереси, а сега на увид ја имаат одлуката на инспекторите.

“Врз основа на утврдената фактичка состојба при вонредниот инспекциски надзор, не е констатирано дека од страна на пријавените лица Бранко Петровски (во својство на член на Филмскиот совет и финансиски советник), и Ана Василевска (во својство на член на Филмскиот совет и рецензент), е сторена повреда на одредбата од членот 54 од Законот за филмската дејност, односно не е утврдено нивно учество на конкурсите на Агенцијата за филм со свои проекти. Во меѓувреме согласно со член 22 став (2) од Законот за филмската дејност, на 10.7.2020 година од страна на в.д. директорот на Агенцијата за филм се именувани нови членови на Филмскиот совет, на место на горенаведените лица. Оттука, имајќи ја предвид утврдената фактичка состојба при вонредниот инспекциски, надзор инспекторот ја запира постапката во согласност со член 83 став (5) од Законот за инспекциски надзор, а примерок од Записникот се доставува на увид и надлежност на Државната комисија за спречување на корупцијата согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Сл. весник на РМ“ бр. 12/2019), а во врска со членот 32 од Законот за филмската дејност.”

Финансискиот советник и членот на Филмски совет, Бранко Петровски, како и рецензентот и членот на Филмскиот совет Ана Василевска за кои претходно е утврдено дека за нивната работа и обврска кон Агенцијата за филм не постојат конфликт на интереси, истите доброволно отстапија од Филмскиот совет со цел Конкурсот да биде завршен без најмал сомнеж кон неговата исправност како што и тој беше реализиран.

Со ова утврдување на Инспекцискиот надзор се докажува исправноста на работата на Агенцијата за Филм, како и за работата на нејзиниот директор Горјан Тозија, а од друга страна се става под сомнеж целиот обид од страна на институциите за дискредитирање на неговата работа по барањето од страна на Милчо Манчевски до Министерството за Култура и ДКСК.

Инспекторите меѓу другото ги отфрлаат сите останати точки по пријавата на Милчо Манчевски, а се однесуваат на ангажманите на новинарката и филмската критичарка Ана Василевска.

Агенцијата за Филм секако ќе преземе сè што е во домен на правото и ќе поднесе кривични пријави до гореспоменатите медиуми. Истите случаи и наслови се веќе пријавени во Советот за етика во медиумите, а предлагаме ЗНМ да ја преиспита веродостојноста на насловите во кои ја клеветат Агенцијата за филм, директорот Горјан Тозија, како и членовите на Филмскиот совет, финансискиот советник и рецензент за кои во континуитет пишуваат непроверени информации без консултации од другата страна – се наведува во соопштението на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Агенција за филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.