Роберт де Ниро: Јас сум многу, многу потресен од смртта на Фил. Тој беше прекрасен актер. Беше толку млад, многу талентиран. Кевин Спејси: Трагедија е да се изгуби врвно талентиран актер како Филип Сејмур Хофман
Колегите му оддаваат почит и признание на мајсторот на филмската и театарската сцена, актерот Филип Сејмур Хофман, кој почина од предозирање со дрога во апартман во Њујорк во неделата.
Оскаровецот актер, 46, за кого Си-Ен-Ен пишува дека беше еден и единствен, беше пронајден од страна на пријател кој ја повика службата за итни случаи. Тој беше прогласен за мртов на местото на настанот.
Портпаролот на полицијата изјави дека иследниците откриле две мали пластични кеси и една супстанца за која се претпоставува дека е хероин.
Роберт де Ниро беше меѓу многуте колеги актери кои ја искажуваат својата тага, опишувајќи го како “прекрасен актер”.
“Јас сум многу, многу потресен од смртта на Фил. Тој беше прекрасен актер. Ова е едно од тие времиња кога ќе се каже: Тоа не требаше да се случи”, рече тој.
“Тој беше толку млад и талентиран и уште многу требаше да му се случува, толку многу работи за да живее. Моето семејство и јас го испраќаме нашето најдлабоко сочувство до неговото семејство”, додаде тој.
Џулијан Мур, која глумеше заедно со Хофман во Буги ноќи, Магнолија и Големото Лебовски, рече: “Се чувствувам толку среќна што знам дека работев со неверојатниот Филип Сејмур Хофман, а јас сум длабоко потресена од неговата смрт.”
Џорџ Клуни, кој се појави заедно со Хофман во Идеите на март, рече: “Немам зборови … Тоа е страшно.”
Режисерот Мајк Николс, кој ја режираше Војната на Чарли Вилсон, каде глумеше Хофман, како и во Смртта на еден продавач, рече: “Немам зборови за ова. Беше премногу голем и ние сме премногу потресени”.
Гери Олдман, изјави за Скај Њуз: “Тој беше на мојата листа како актер со кој сакав да работам и се надевав дека ќе ме земеше како режисер”.
“Тој имаше малку опасност за него и ранливост- сите оние квалитети кои мислам дека ги прави некој да биде гледан и многу посебно.”
Кевин Спејси напиша на Твитер: ” Трагедија е да се изгуби врвно талентиран актер како Филип Сејмур Хофман. Неискажлива загуба за филмот, театарот и сите кои го познаваа РИП..”.
“Ова е ужасен ден за оние кои работеа со Филип”, рече актерот Том Хенкс во соопштение. “Тој беше гигантен талент. Нашите срца се отворени за неговото семејство.”
Во сеќавање за Хофман- се палат свеќи пред еден ресторан на Менхетн
Фановите оставаат цвеќиња пред зградата каде што почина Хофман