Во собранието не помина предлогот на група пратеници за повраток на данокот за додадена вредност.
„Не збирајте фискални сметки и не чекајте да ве извлечат со ова законско решение сите граѓани ќе имаат корист, и тоа ќе значи дополнителни средства во буџетот на РМ“, го образложи предлогот на Марјанчо Николов од СДСМ.
Според него со оваа мерка ќе се намали сивата економија за 10 проценти.
Довербата на пратениците не ја доби ниту предлогот за измена на законот за рурален развој по скратена постапка со кој на земјоделските производители ќе им се обезбеди набавка на гориво кое е за 50% пониска од пазарната цена.
„Поевтината нафта на сточарите ќе им овозможи да обезбедат и поевтина добиточна храна. Веќе седма година по ред земјоделците бараат поевтина нафта, со што цената на нивните производи ќе биде пониска, односно конкурентна на светските пазари, рече Ленче Николовска, Сојуз за иднината, образложувајќи го овој предлог закон.