Собранискиот претседател во заминување, Талат Џафери, кој беше хоспитализиран на 24 јули поради пневмонија, денеска ја напушти Клиниката за инфективни болести и можно е утре да претседава со конститутивната седница на Собранието.
„Се чувствувам добро и мислам дека ќе можам да претседавам со утрешната конститутивна седница на Собранието“, изјави Џафери.
Собраниските служби, пак, се подготвуваат согласно мерките за заштита од коронавирусот за одржување на конститутивната седница во големата сала каде ќе биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други присутни лица.
На влез во собраниската зграда ќе се мери температура на новите пратениците и други поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до резервираното место за нив.
Кризата со коронавирусот предизвика промени и во работата на новинарите и медиумите. Како што се најавува, имајќи ја предвид актуелната состојба со коронавирусот, најверојатно бројот на медиумските работници во Собранието ќе биде ограничен, а нивните активности ќе се следат во живо преку Собраниските канал и со стримови во живо. Конститутивната седница ќе се следи преку Собранискиот канал, а прес-конференции ќе бидат организирани во Кристалната сала каде што би имало доволено простор за одржување дистанца.