Хрватскиот кантавтор Рајко Дујмиќ (65) почина од последиците на сообраќајната незгода од минатата недела, јавува Јутарњи лист.
Пејачот-текстописец задобил тешки повреди кога ја изгубил контролата над својот VW Tiguan и слетал во бездна. Несреќата се случила во Стари Лаз, во областа Равна Гора, околу 5.15 часот во средата минатата недела
Поради неприлагодена брзина, тој слетал од патот, според полицискиот извештај. Веднаш по несреќата, во која тешко му била повредена главата, паднал во кома, од која не се разбудил.