НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државниот долг 2,757 милијарди евра – највисок во последните 8 години

0
By Нова ТВ on February 4, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија ја заврши 2013 година со државен долг од 2,757 милијарди евра, односно 34,3 отсто од БДП-то. Ова е највисоко ниво на државен долг на Македонија од 2005 година, кога долгот бил 1,84 милијарди евра, но тоа тогаш било 38,4 отсто од БДП-то.

Според податоците на Министерството за финансии, во последните 5 години државниот долг е зголемен двојно, со оглед на тоа што на крајот на 2008 година тој изнесувал 1,38 милијарди евра, објавува Радио Слободна Европа.

Последната стратегија за управување со јавен долг на земјава е за периодот 2010-2012 година. Таа предвидуваше, државниот долг да не се зголеми над 30 отсто од БДП, а јавениот долг да не е повисок од 40 отсто од БДП. Сепак, ни оваа стратегија не беше испочитувана, со оглед на тоа што 2012 година заврши со државен долг од 34,1 отсто.

Власта, пак, од 2009 година одбива да го соопшти нивото на јавниот долг, а тоа не го стори ниту на неодамнешната собраниска седница на која опозицијата побара информација за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг.

Пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ тогаш рече дека податоците од извештајот за 2012 година за управување со јавниот долг покажуваат дека тој изнесува 45 проценти од БДП. На седницата не дојде ниту еден претставник од Владата, а пратениците од владејачкото мнозинство се бранеа дека Македонија е ниско задолжена земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.