Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНСА: Зголемен прилив на мигранти низ т.н. балканска рута

0
By Нова ТВ on August 11, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 11, 2020 11:39

Последните информации за бројот на откриени мигранти и за инциденти во земјите од Балканот, укажуваат на зголемување на мигрантскиот прилив низ т.н. балканската рута и покрај кризата со Ковид-19, оценува италијанската агенција АНСА.

„Земјите во регионот бележат значително зголемување на приливот на бегалци и на мигранти од Блискиот Исток и од Централна Азија. Овој феномен предизвикува дополнителен притисок врз јавниот здравствен систем во сите балкански држави, кои се соочуваат со зголемувањето на бројот на инфицирани од коронавирусот“, додава агенцијата.

Во анализата се потенцира дека бројките на откриени мигранти се далеку помали во споредба со оние забележани во 2015 година, но оти сепак мигрантскиот прилив од Турција и Грција преку Балканот кон Западна Европа не престанува и покрај фактот што земјите долж т.н. балканската рута официјално ги „запечатија“ своите граници.

АНСА потсетува дека минатата недела земјава за уште 30 дена ја продолжи вонредната состојба во областите долж границите со Грција и со Србија, како последица на зачестениот прилив на мигранти

Во текот на ноќта меѓу 4 и 5 август група од околу 100 мигранти се обиделе да ја преминат границата меѓу Србија и Унгарија и да влезат на унгарска територија. Тоа доведе до инцидент во кој мигрантите фрлаа со камења кон унгарската полиција, која возврати на нападите. Десетици илегални мигранти секојдневно се апсат долж границата меѓу Хрватска и Словенија.

Оние, пак, кои илегално успеале да ја минат границата меѓу Словенија и Италија, често се приведувани од италијанската полиција, која потоа ги предава на словенечките власти, се додава во текстот.

„Локалните медиуми известуваат за зголемени загриженост меѓу локалните жители, кои стравуваат и поради пандемијата со КОВИД-19 и поради безбедноста.Некои жители тврдат дека одделни мигранти се однесуваат агресивно, а често се известува и за тепачки меѓу ривалски мигрантски групи и мигранти од различни земји, кои честопати резултираат со повредени лица, а понекогаш и со убиства“, се додава во текстот на италијанската агенција.

АНСА наведува дека има информации оти последните неколку недели илјадници мигранти пристигнале во реоните на Бихаќ и Велика Кладуша во крајниот северозападен дел на Босна и Херцеговина, близу границата со Хрватска, област која прерасна во „главен терминал“ за премин на територијата на ЕУ.

балканска рута бегалци Мигранти Наплив
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.