Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 31 степен.
И во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места ќе биде нестабилно, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни. Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на седмицата.