Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе застане ли државата на патот на „напумпаните“ цени за тестови за Ковид

0
By Менче Атанасова Точи on August 23, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 23, 2020 17:38

Тест за Ковид направен во Германија изнесува 18,74 евра или 1.152 денари. Толку е и набавната цена која реално се движи околу 20 до 25 евра, некаде и помалку. Во нашата држава во приватните лаборатории ПСР тестовите се движат од 3950 за тест кој ќе биде готов за 48 часа, до 12 000, а некаде и над 14 000 денари за брз тест изработен за 8 часа

Министерството за здравство се уште не одлучило кога и како ќе постапува за трите лаборатории кои неовластено земале брисеви за Ковид и не се наоѓаат на листата на лаборатории кои со дозвола од комисијата. Иако два месеца се знаело за нив, јавноста досега не е известена за ова, ниту се знае кога и како ќе постапува ресорното министерство.

Две од лабораториите имаат забрана за вршење на дејност надвор од дозволата од страна на Државниот санитарен и здравен инспекторат, по што е испратено известување до Министертвото за здравство за понатамошно постапување, потврдија од ресорното министерство.

Третата „Ели медика“, од Струмица по издаденото решение за забрана надвор од дејноста, се жалеле на второстепена комисија на Влада и додека не се добие одговор од таму, министерството не може да постапува. И додека во Македонија на големо “цвета“ бизнисот со тестови за Ковид во приватните лаборатории, а цените се астрономско високи, во земјите од ЕУ или не се наплаќаат или нивната сума е реална, многу блиску до набавната.

Граѓаните негодуваат, а на социјалните мрежи се споделуваат статуси со цени во некои од европските земји. Ова е тест за Ковид, направен во Германија и неговата цена е 18,74 евра или 1.152 денари. Толку е и набавната цена која реално се движи околу 20 до 25 евра, некаде и помалку.

На пандемијата со коронавирус не и се гледа крајот, на есен се најавува црно сценарио во повеќе земји, за што и нашата држава се подготвува со болнички капацитети.

Но, државата никако да воведе единствени цени за тестовите во сите лаборатории, тие да бидат исти како и во јавното здравство, ниту пак да превземе мерки за ваквите напумпани цени кои удираат директно по џебот на граѓаните.

Како што објави НОВА пандемијата со Ковид многу приватни болници и лаборатории ја искористија за брза заработувачка. Цените на ПСР тестовите се движат од 3950 за тест кој ќе биде готов за 48 часа, до 12 000, а некаде и над 14 000 денари за брз тест изработен за 8 часа.

Од почетокот на пендемијата до денес во приватните болници и лаборатории направени се 56 423 тестирања на Ковид-19. Тоа се 40 проценти од вкупно направените тестови во државата. Со тоа приватните лаборатории заработиле  над 3, 5  милиони евра, пресметано по цена која важи од 27 април годинава. Ако на тоа се додадат и брзите тестови кои се три пати поскапи, како и серолошките, сумата ќе биде многу поголема.

Додека многу фирми пропаѓаат, пандемијата со коринавирусот на многу приватни болници и лаборатории им овозможи да профитираат брзо. Во нашата држава затаи солидарноста, а државата не превзема никакви мерки за да се ублажи состојбата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.