НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Готен: Резиденцијална програма за книжевници „Апсолутно модерен“

0
By Нова ТВ on February 5, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Издавачката куќа Готен, во соработка со мрежата Традуки, упатува покана до сите заинтересирани автори и преведувачи од Југоисточна Европа да се пријават на првата резиденцијална програма за книжевници „Скопје 2014“ под мотото „Апсолутно модерен“.

По одличната реализација на проектот во неговата пробна фаза, во која тројца писатели од регионот престојуваа во Скопје, есента 2013, организаторите одлучија годинава во Скопје да учествуваат дури шест автори. Авторите во Скопје ќе престојуваат вопролетниот период од април до јуни и наесен од септември до декември 2014.

Програмата има за цел да им овозможи на авторите од регионот подобро да се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Скопје и во Македонија и да остварат продлабочени и трајни контакти, кои во перспектива ќе ги направат пријатели и амбасадори на македонската книжевност и култура во регионот и во светот. Меѓународно жири ќе ги разгледа пристигнатите апликации и за есенскиот семестар од програмата ќе одбере тројца автори или преведувачи.

Авторите во Скопје ќе престојуваат во период од еден месец, во чии рамки ќе работат на своите дела или преводи, ќе посетуваат културни настани, организации и институции, а преку јавен настан ќе и бидат претставени и на скопската сцена. За да се оствари поголем ефект од нивниот престој ќе се организира нивно претставување и во еден од другите културни центри во земјата, а во одредени случаи и во блиските престолнини од регионот.

Есента 2013, во Скопје престојуваа Душко Новаковиќ, Дарија Жилиќ и Беким Сејрановиќ. Душко Новаковиќ имаше своја авторска вечер во Скопје и во Кратово. За време на престојот беше примен како почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. Негова книга поезија ќе излезе на македонски јазик годинава, а во негов препев и уредништво на српскохрватското говорно подрачје ќе излезат Антологија на македонската поезија и поезија на академик Богомил Ѓузел.

Дарија Жилиќ во рамките на својот престој учествуваше на книжевната манифестација на Независните писатели на Македонија и имаше средба со студенти на Филолошкиот факултет. Нејзините поетски реминисценции од Скопје ги објави во својата најнова збирка прозни записи „Клавжар“, која што излезе во Загреб, непосредно по нејзиниот резиденцијален престој.

Беким Сејрановиќ имаше промоција на својата најнова книга „Поубав крај“ објавена на македонски јазик од страна на книгоиздателството „Блесок“. Воедно, пред скопската и битолската публика го прикажа и својот документарен филм „Од Токио до Морава“, во присуство и на режисерот од Јапонија, Моку Тераока.

Како дел од регионалната размена, Беким Сејрановиќ беше гостин на интеркултурниот фестивал во Косовска Митровица „Дали ме читаш“, а Еди Матиќ од Сплит гостуваше во Скопје и Гевгелија во рамките на манифестацијата „Авторот е присутен“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.