Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пунктот за брисеви за Ковид во Струмица е дислоциран во Здравствениот дом

0
By Менче Атанасова Точи on August 28, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 28, 2020 19:50

Пунктот за земање на брисеви за Ковид во Струмица е дислоциран во Здравствениот дом и се наоѓа во просторија со посебен влез која ги исполнува условите пропишани со протоколот, информираат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.  таму денеска биле инспектори кои извршиле вонреден инспекциски надзор.

„Во тек на денешниот ден ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор во просториите каде што е дислоциран пунктот за земање на брисеви за Sars Cov 2 на Центарот за јавно здравје во Струмица. Истиот е сместен во просторија на ЈЗУ Здравствен дом и ги исполнува условите пропишани со протоколот.

Пунктот е сместен во посебен објект, со посебен влез, без можност за контакт со други пациенти и вработени. Со ова продолжува земањето на брисеви на пациенти закажани преку матичните лекари, без прекин“, соопштија од ДСЗИ.

Како што објави НОВА, Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера решение со кое му наложи на ЦЈЗ, пунктот веднаш да престане со работа и итно да бараат нов простор во склоп на јавна здравствена установа за да нема застој во земањето на брисеви,

Единствениот пункт за земање на брисеви во Струмица се наоѓаше на фрекфентна улица во близина на центарот, во станбена зграда и иако со посебен влез, луѓето кои доаѓаа за брисеви чекаа на тротоарот каде поминуваат многу луѓе.

Загриженост изразија и станарите на зградата со број 39 на улица„Димитар Влахов“ кои се јавија во НОВА,  бидејќи, како што велат, доаѓаат во контакт со пациентите кога поминуваат од тука, некогаш го грешат влезот, а често седат и на скалите во нивниот влез.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.