Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сугарев за НОВА: Ниту една од приватните лаборатории не побарала да склучи договор со Фондот за здравство

0
By Менче Атанасова Точи on September 5, 2020 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 5, 2020 18:29

Фондот за здравствено осигурување ја намалува цената за тестовите за Ковид во јавното здравство од 3600 денари на 2000 денари колку што ќе биде новата референтна цена, дознава  НОВА. Оваа одлука Управниот одбор на ФЗО ја донел заради масовните тестирања и зголемениот обем на работа поради што и трошокот е помал.

Според информации од ФЗО цената на еден ПСР тест не изнесува повеќе од 20 евра. Ова за НОВА го потврди и директорот Миле Сугарев, кој потенцира дека одлуката на Управниот одбор чека на потпис на министерот Филипче.

“За масовните тестирања донесовме одлука за нова референтна цена која ќе биде околу 2000 денари. Цената на ПСР тестовите се намалува во јавното здравство бидејќи сега од есен не чека еден период кога ќе се прават уште помасовни тестирања.

Во вакви ситуации трошокот е под 20 евра, односно се движи од 675 до 920 денари по тест. На вработените кои за воља на вистината работат прекувремено нема да им се плаќа цена на труд по направен тест бидејќи тие земаат фиксна плата, а дополнителната работа им е израчуната во буџетот,“изјави за НОВА Миле Сугарев директор на ФЗО.

Тестовите пак, кои беа добиени преку донација нема да им се плаќаат, а како што вели Сугарев, вредноста на донациите ќе биде минусирана од вредноста на здравствените услуги.

Во однос на високите цени на тестовите за Ковид во приватните лаборатории и разликата со јавното здравство која сега уште повеќе ќе се продлабочи, Сугарев за НОВА потврди дека ниту една од приватните лаборатории досега не пројавила интерес да склучи договор со ФЗО.

 

Министерството за здравство на пет приватни лаборатории им дозволи влез во мрежата на јавни здравствени услуги и тие не само што не склучија договор со ФЗО, не се договорија ниту за унифицирани  цени и сега владее шаренило од „напупмани“, и превисоки цени на тестовите за Ковид. Сугарев вели дека тие мора да склучат договор со ФЗО штом имаат влез во мрежата.

„Во нормални околности, штом добијат влез во мрежата, тие даваат понуди до Фондот. Ова значи, дека мора да склучат договор со ФЗО“, вели Сугарев, за НОВА.

Очигледно е дека во вакви околности, приватниците ги интересира само профитот. Добро упатени извори за НОВА велат дека Министертсвото за здравство кое им дозволило влез во мрежата со тоа што прават тестирања за јавното здравство треба да стави ред во цените. Тоа морало и требало да се направи кога беше прогласена вонредна состојба во државата.

„Мора да стават ред приватните лаборатории ако сакаат да работат за јавното здравство. Министерството за здравство може и има право да ги викне и да им соопшти дека мора се вклопат во ситуацијата и дека не може да прават профит во време на пандемија. Во краен случај тоа може да го направи и Парламентот со измена на законската регулатива“, потенцираат нашите извори.

Лекарски извори потенцираат дека приватниците ја користат можноста бидејќи јавното здравство нема доволно капацитети. Тие велат дека доколку во јавното здравство се набават неколку апарати за тие што сакаат да се тестираат приватно, а на тестовите им се стави реална цена, тогаш приватните лаборатории ќе отпаднат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.