Инвалидски колички за потребите на Клиниката за пулмологија и алегологија, донираше компанијата „Зегин“. Инвалидските количики се наменети за пациентите, а со цел да се олесни работата на клиниката.
„Како општествено одговорна компанија, Зегин секогаш се вклучува и помага онаму каде што е најпотребно. Дониравме инвалидски колички на Клиниката за Пулмологија и Алергологија.
Донацијата која е наменета за пациентите и олеснување на текот на работата на клиниката ја прими Директорот, Проф. д-р Дејан Докиќ, кој и овој пат се заблагодари за соработката со Зегин, која стана традиција.
Како што истакна и професорот Докиќ, заедно се трудиме да го обезбедиме она што е потребно на пациентите, бидеќи нивното здравје е најважно, а компанијата Зегин секогаш излегува во пресрет на барањата на нашата клиника“. се вели во соопштението од компанијата Зегин.