НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петар Андоновски најуспешен домашен автор, според Асоцијацијата на издавачи

0
By Нова ТВ on September 10, 2020 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четврта година по ред Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) доделува награди в0 повеќе категории за периодот меѓу двата саема (мај 2019 – септември 2020).

Признанието за најуспешен домашен автор му припадна на писателот Петар Андоновски, додека на првите три места се најдоја и Билјана С. Црвенковска и Ана Јовковска.

„Првото место комисијата одлучи да му го додели на македонскиот писател Петар Андоновски поради неговата популарност меѓу двата саема, добивањето на Европската награда за литература, двете речиси распродадени изданија во Македонија и тековните преводи на романот „Страв од варвари“ во Велика Британија, Хрватска, Бугарија и Србија. Авторот е постојано присутен во медиумите кај нас, а својата популарност надвор од земјава ја докажува и со присуството на многу книжевни настани и резиденции во регионот“, стои во образложението за признанието на МАИ.

„Македонски книжевни класици“ – Петре М. Андреевски, на издавачката куќа „Арс ламина“, е прогласена за најдобра едиција, како и за најдобро ликовно-графички уредено издание. „Мочурливци“ од Барбара Симонити, го доби признанието за најдобра книга за деца и млади, а „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ од Билјана С. Црвенковска, е победник во категоријата за најкреативно издание, а Електронската апликација на Kniga.mk на Издавачкиот центар „Три“ го доби признанието за иновативност.

„Карантински приказни“ на издавачката куќа „Три“ го доби признанието за поттикнување општествена одговорност, додека кампањата „Читањето е супермоќ“ на „Арс ламина“ беше наградена со специјално признание за промотор на читачката култура.

Комисијата која одлучуваше за признанијата беше составена од новинарот Тони Димков, писателот Иван Шопов и Наташа Атанасова од МАИ.

Доделувањето на наградите ќе се одржи утре, (11 септември) во 11 часот, во промо центарот на Саемот на книгата.

Детални образложенија за сите признанија може да најдете на следниов ЛИНК.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.