Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва во ФЛУ: „Agnosco“, изложба на Ана Спасова-ликовен уметник и академски графичар

0
By Нова ТВ on September 16, 2020 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 16, 2020 13:48

„Agnosco“ е првата самостојна изложба на Ана Спасова, млад ликовен уметник и академски графичар, чие отворање е вечерва во 20 часот во Галерија на Факултетот за ликовни уметности.

На изложбата ќе бидат претставени четириесетина дела изработени во различни медиуми: цртежи, графики, фотографии и колажи од хартија и полимерна глина.

Создавање,2018-линорез

Делата се настанати во периодот од 2019 и 2020 година и го следат истражувањето на авторот во полето на семиотиката и науката за човековата психа, особено Јунговата аналитичка психологија.

Главниот интерес е насочен кон разоткривање на односот помеѓу свесниот и несвесниот дел на личноста и нивната материјализација во уметничкото дело преку знакот и симболот, кои се земени како главни облици низ кои се манифестира архетипската природа на човековиот ум, која, според Јунг, е универзална, вродена и наследна.

Самиот наслов (од латински, ad+gnosco) упатува токму на чинот на интроспекција и препознавањето на облиците и симболите од делата во себеси.

Ана Спасова е родена на 4.4.1996 година во Скопје, РС Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје во 2018 година, на Катедрата за графика со модул Конзервација и реставрација, во класата на ред. проф. м-р Мирко Вујисиќ. Магистрирала на истиот факултет во 2020 година, на Катедрата за графика, под менторство на ред. проф. м-р Мирко Вујисиќ. Има учествувноа на четириесетина групни изложби и културни манифестации досега во земјава и странство. Добитник е на неколку награди за творештвото и академскиот успех во текот на студиите.

Одбрани групни изложби:

2020 „Цртеж – експериментален цртеж“, ДЛУМ, Уметнички центар Арт Хаб, Скопје
2020 Онлајн изложба на висок печат, Графичко студио „Мегало“, Канбера, Австралија
2020 Меѓународно виртуелно биенале на графика, Engravist, Истанбул, Турција
2020 IV Меѓународно графичко триенале, Белград, Србија
2020 Изложба на новата млада генерација на ДЛУМ, Уметнички центар Арт Хаб, Скопје
2019 Графичко триенале 4, Графичка работилница „Софија“ – Богданци, Музеј на град Скопје
2019 Годишна изложба на ДЛУМ, Мала Станица, Скопје
2019 VIII Меѓународно графичко триенале, Софија, Бугарија
2019 Меѓународна изложба и размена на графики, Qu.Bi Галерија, Виченца, Италија
2019 II Меѓународна изложба на мала графика во Кантабрија, Сантандер, Шпанија

Награди:

2019 Пофалница за најдобро дипломиран студент (10,00) во учебната 2017/2018 година на ФЛУ, Ректорат на УКИМ, Скопје
2018 Награда за постигнат највисок просек (10,00) и одлични резултати во текот на студиите на ФЛУ
2018 Награда за графика на конкурсот „Млади уметници“ од Агенција за млади и спорт, Мала станица, Скопје

Изложбата е поддржана од Министерството за култура на РСМ и може да се посети секој работен ден, во рамките на работното време на Факултетот за ликовни уметности, 08 – 14 часот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.