Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Узунов: Ослободување од данок на добивка за фирми со пораст на извоз над 20%

0
By Нова ТВ on February 8, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 8, 2014 16:13


Потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов ја промовираше дек од економската програмата на СДСМ, со 3 дополнителни мерки од сферата на економијата. Фокусот на овие мерки се олеснувањата и стимулирањето на претпријатијата за зголемување извозот, инвестициите и отворањето на нови работни места:

1. Прва мерка: Ослободување од данок на добивка на претпријатија коишто ќе остварат пораст на извозот.

СДСМ ќе воведе целосно ослободување од данок на добивка на оние претпријатија што ќе остварат пораст на својот извоз над 20% во однос на просекот во претходните 3 години.

Тоа ослободување, претпријатијата ќе го имаат во секоја година во којашто ќе остварат толкав пораст на својот извоз.

Со оваа мерка, всушност сакаме да ги стимулираме македонските бизниси да се фокусираат на пласирање на нивните производи и услуги на странски пазари.

Сметаме дека најизгледна развојна стратегија на Македонија треба да биде извозната експанзија. Таа стратегија е најдобра и најодржлива на долг рок.

Покрај наведената мерка, потребно е да се стимулира и извозната конкурентна способност на македонските претпријатија, за што имаме предвидено дополнителен пакет мерки од таа област, што исто така ќе ги промовираме.

2. Втора мерка: ослободување од данок на добивка во траење од 3 години на претпријатија кои ќе започнат со дејност во недоволно развиените подрачја и региони во Македонија.

3. Трета мерка: ослободување од данок на добивка во траење од 3 години на повратниците од странство, кои своите заштеди од работењето во странство ќе ги вложат во отворање на сопствен бизнис, или во опрема во постоечко претпријатие во Македонија.

Дополнително, доколку во тие претпријатија бидат вработени нови најмалку 50 лица, даночното ослободување ќе може да се продолжи за уште 2 години (на вкупно 5 години).
Тоа се мерките кои ги промовираме денес, а дополнително само уште неколку коментари на вчерашната реакција на владата (или на ВМРО ДПМНЕ?) на мерката за враќање на персоналецот која ја промовиравме вчера:

1. Со промоцијата на мерки од нашата програма, ние им се обраќаме на граѓаните, а не на владата или челниците на ВМРО ДПМНЕ. Затоа, нивното коментирање го сметаме само за знак на љубомора кон добро осмислени мерки;

2. Не се точни бројките за нашата вчера промовирана мерка за враќање на персоналецот кои ги изнесе г-н Трајковски, бидејќи ние веќе претходно ја предложивме мерката за покачување на минималната плата на 10.000 денари, и тоа со почеток на примена веднаш, а не до 2018 година; така, многу поголем број на работници всушност не би добивале толку мала сума на пари месечно;

3. Со вчерашниот коментар раскалашените и брзо збогатени челници на власта јасно покажаа колку се оддалечени од реалната судбина на македонските граѓани; бидејќи за граѓаните кои се осиромашени токму заради политиките на оваа влада, дополнителен месечен приход од 300 до 500 денари е сепак значаен, иако за челниците на власта тоа претставува смешно мала сума на пари;

4. Со изјавата, г-н Трајковски се поби самиот себе, тврдејќи дека одлевањето на мали суми пари од буџетот, ќе резултирале со доведување на исплатата на пензиите и социјалните давачки во прашање; не, граѓаните можат да бидат спокојни, бидејќи со предложените мерки од страна на СДСМ буџетот нема да биде нарушен; со своето тврдење оваа влада само уште еднаш докажа дека таа има паничен страв парите да им ги враќа на граѓаните, туку сака да ги троши самата таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.