НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГАК: Родилката починала од крварење – внатрешна комисија ќе го испитува случајот

0
By Менче Атанасова Точи on September 20, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дефект со згрутчување на крвта, како резултат на што најверојатно дошло до одвојување на постелката, На Клиниката за гинекологија сметаат дека ова довело до смрт кај 40 годишата родилка од Скопје која синоќа почина на клиниката. Според доктор Сашо Стојчевски, кој во моментот ја менува директорката Јовановска, родилката која била во 36 гестациска недела дошла на преглед на ГАК и откога и било направено Це-Те-Ге, и било кажано да седи надвор бидејќи снимката била сомнителна, но бебето било живо.

„Пациентката била замолена да поседи надвор, но таа заминала дома и се вратила за еден час и 40 минути. Плодот во утробата на втората снимка веќе бил мртов“, изјави за НОВА, д-р Стојчевски.

Потоа, според него, следела процедура за тест од коронавирусот кој траел околу еден час. Родилката била хоспитализирана и бил направен царски рез со кој било извадено бебето.

„После царскиот рез во петокот таа започнала обилно и неконтролирано да крвари, поради што во саботата, друга екипа направиле интервенција при што е извадена матката. Направено е се но, крварењето било неконтролирано од сите страни, како резултат на дефект на коагулацијата,поради што слабее срцето, а почнале да откажуваат бубрезите и другите органи што довело до смрт“, рече Стојчевски.

Од друга страна, роднини на родилката за Канал 5 тврдат дека, откако наводно и било кажано да дојде во сабота на нов преглед ,по два часа од прегледот направен во петокот,  на пат кон дома, родилката прокрварела и била повторно вратена назад, по што била подложена на царски рез.

Стојчевски смета дека двете екипи направиле се што можеле, но сепак најави дека случајот ќе го испитува внатрешна Комисија за контрола на квалитет на ГАК.

Останува отворено прашањето дали тоа ќе го направат и други независни институции и дали Министерството за здравство ќе формира комисија за да го испита случајот.

Зачудува и фактот што обдукција не е направена, бидејќи наводно семејството побарале да го земат телото. Законската регулатива во вакви случаи е децидна дека обдукцијата е задолжителна, особено во вакви и слични случаи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.