ВМРО ДПМНЕ ја обвинува СДСМ дека применува класичен популизам во нивната економска програма кој денеска во СДСМ ја промовираше универзитетскиот професор Ванчо Узунов. Обвинија дека и кога би дошле на власт голем дел од ова не би го оствариле.
-Кога станува збор за извозот со низа активности и низа мерки кои што Владата ги превзема во досегашниот период, би сакале да ги информираме СДСМ а и јавноста дека извозот од Република Макеоднија овие години е зголемен за 108,9 проценти, односно од 2.042.295.799 долари во 2005 година (последна година кога СДСМ беше на власт) на 4.266.861.000 долари во 2013 година.
Тоа е доказ за успешните економски политики кои Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува и реализира.
Од кога ВМРО-ДПМНЕ ја превзема одговорноста се намали данокот на добивка, односно се воведе т.н. Естонски модел на оданочување на добивката, при што сите претпријатија кои што ја реинвестирале својата добивка, исто и претпријатијата кои имаат годишен приход до 3 миилиони денари, односно микро и малите претпријатија, се ослободени од плаќање на данок, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Економскара програма на СДСМ помеѓу другото предвидува фокусот да биде ставен на олеснувањата и стимулирањето на претпријатијата за зголемување извозот, инвестициите и отворањето на нови работни места.