НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Почина француската легенда Жилијет Греко

0
By Нова ТВ on September 24, 2020 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жилијет Греко, пејачка, глумица, културна икона и муза на француските егзистенцијалисти по Втората светска војна, почина во нејзиниот дом во Раматјел, во јужна Франција, близу Сен Тропе. Имаше 94 години.

Како што велат нејзините почитувачи и обожаватели, во нејзината седумдецениска кариера, со експресивните очи и длабокиот, рапав глас, наследени од нејзините предци Грци, најчесто облечена во црно, таа ги направи бесмртни некои од најпознатите француски песни, како што се класиците „Под париското небо“ и „Мразам недели“.

Жилиет Греко е родена на 7 февруари 1927 година во Монпеље и „по осаменото детство, без татко и без љубовта на нејзината мајка“, како што самата рече во еден документарец, таа му се предала на боемскиот живот дружејќи се со интелектуалците на повоена Франција. Започнала како актерка во Париз, 1946 година, каде што, покрај другите, на уметничкиот „Лев брег“ го запознала и филозофот Жан-Пол Сартр. Тој за неа ја изговорил познатата реченица – дека „има милион песни“ во нејзиниот глас.

Таа беше во друштво и со многу писатели и уметници современици, како Албер Ками, Жак Превер, Жан Кокто и Борис Вијан, кога и беше наречена „муза на егзистенцијализмот“.

Во средината на 1940-тите, романсиерот Ремон Кено и филозофот Жан-Пол Сартр ги напишаа песните „Si tu t’imagines…“ и „La Rue des Blancs-Manteaux“, што ѝ донесе на Жилиет Греко прв успех во брилијантна кариера. Пееше и песни од Бартол Брехт, Франсоа Саган и други.

Била и политички активна, особено за време на демонстрациите 1968 година.

По долга врска со американскиот џез-трубач Мајлс Дејвис, Греко имаше неколку бракови, со глумецот Филип Лемеро, со кого добија ќерка, потоа – со Мишел Пиколи и на крајот со Жерар Жуане – од 1988. до неговата смрт во 2018 година.

Меѓу нејзините најпознати шансони се „Parlez-moi d’amour“, „Paris Canaille“, „Accordeon“ и „Je suis comme je suis“. Во 2015 година, ја одржа прошталната турнеја наречена „Merci“ (благодарам), која траеше една година. Глумеше во филмовите „Орфеј“ (1950) на Жан Кокто и „Добар ден, таго“ (1958) на Ото Премингер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.