Железничкиот внатрешен сообраќај повторно е нормализиран откако синоќа беше постигната согласност во преговорите меѓу Независниот синдикат на машиновозачите и Министерството за транспорт и врски.
Претседателот на Независниот синдникат на машиновозачите Латко Јовановски денеска за МИА изјави дека е постигната начелна согласност по сите барања. Меѓу другото договорена е редовна исплата на платите и редовно добивање на сините картони.
Согласност е постигната и за повлекување на тужбите кон машиновозачите, како и за продолжување на разговорите во врска со бенифицираниот стаж и колективниот договор.
Машиновозачите стапија во штрајк во понеделникот попладне поради што железничкиот сообраќај беше во прекин изминатите два дена.