Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ги донесе измените на Законот за стечајци

0
By Нова ТВ on February 10, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 10, 2014 19:03

Собранието на Република Македонија попладнево ги донесе измените на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година.

Гласаа сите 66 присутни пратеници без против и воздржани.

Законот е донесен по скратена постапка и со него ќе бидат опфатени лицата кои останале без работа како резултат на приватизација на компанијата која била во државна или доминантна државна сопственост до 31 декември 2013 година.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов изјави дека со ова законско решение се очекува да се реши горлив проблем на околу 3.000 стечајци.

Тие ќе бидат материјално обезбедени со месечен надомест од околу 7.100 денари, односно 34 проценти од просечната плата исплатена за минатата година и плус здравствено осигурување. Лицата треба да имаат најмалку 25 години работен стаж, а во меѓувреме ако биле вработени, да не им е прекинат работниот однос по нивна вина или волја.

Пратениците на опозициската СДСМ ги поддржаа измените на Законот, но остро го критикуваа зашто сметаат дека се работи за предизборен чекор на владејачката партија и жалат што нема да важи за сите стечајци во државата и што проблемот се решава парцијално.

Пратеничката Цветанка Иванова побара да бидат опфатени сите работници на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација, технолошки вишок, а работеле во општстествени фирми и фирми со државен капитал и предложи намалени критериуми за стажот.

– Ниту првиот закон од 2008 е успешен, уште повеќе нема да биде успешен овој закон. Од податоците коишто ги имаме, од вкупно поднесени околу 10.000 барања, одбиени се над 7.500 барања, а основа поради која се одбиени овие барања е дека фирмата во која работеле не е претежно државна, а некои затоа што до денот на престанокот на работен однос под стечај, ликвидација немаат полни 25 години, рече Иванова.

Mинистерот Спасов рече дека со законот во 2008 биле опфатени 3000 невработени граѓани кои останале без работа по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок, а со денешниот закон се менува законот од 2008 заради целосен опфат и дополнителни околу 3000 граѓани кои по тој основ останале без работа. На обвинувањата на СДСМ дека манипулира, тој истакна дека процедурата е прецизно дефинирана во законот.

– Петнаесет дена од стапување во сила од законот ќе се дефинира списокот на претпријатија во доминантна сопственост на државава. Триесет дена по стапување во сила на законот граѓаните коишто се невработени по основ на стечај, ликвидација и технолошки кои ги исполнуваат условите дефинирани во законот имаат право и можност да поднесат барање. Колку од нив ќе поднесат барање, таа претпоставка не може да се направи.

Јасно се дефинирани условите во законот и никој никого не манипулира. Токму тоа е разликата – фер односот кон гласачите и граѓаните е во решенијата кои ги нудиме. Разликата е една и единствена. Имавте и време и можност да го решите ова прашање на голем број граѓани пред многу години. Тоа не го направивте, рече министерот за труд и социјална политика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.