НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ: Започна чистењето на Црн Дрим – благодарност до сите инволвирани

0
By Нова ТВ on October 10, 2020 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во неколку фази започна чистењето на речното корито на реката Црн Дрим од устието до вливот во Глобочичко Езеро. Втората фаза која започна го опфаќа делот од „Мостот на поезијата“ до истекот на Црн Дрим, кај Општата болница во Струга, во должина од 765 метри. Според направените анализи, проценетата количина депониран нанос, како што соопшти Општина Струга, е приближно 14.000 кубни метри. Талогот, посочуваат, го намалува капацитетот на проток и прави нееднаква дистрибуција на брзината на водата, а предизвикува голем ризик од поплавување на населените места.

Од ОО СДСМ – Струга соопштуват дека и покрај пандемијата предизвикана од КОВИД-19 не одстапуваат од редовната комуникација со граѓаните и заложбите за решавање на проблемите, се со цел подобрување на условите и зачувување на природните богатства. Оттаму ја поздравуваат акцијата и упатуваат благодарност до сите граѓани, министерства и фирми кои даваат придонес во акцијата за чистење на коритото на Црн Дрим.

„Иако соочени со предизвиците на пандемијата, СДСМ напорно работи на терен со цел да ги подобри условите на граѓаните на централно и локално ниво. Имајќи во предвид дека е едно многу тешко време за сите нас, сепак се трудиме работите да течат што е можно по нормално и континуирано. СДСМ Струга постојано работи на терен и преку разни канали комуницира со граѓаните и се трудиме да ги решаваме проблемите еден по еден.

-Во изминатиот период за прв пат после многу години се започна со чистење на наталожениот материјал на испустот на реката Црн Дрим и речното корито во Струга. Со чистењето ќе се подобри пропусната моќ на коритото и ќе се зголеми капацитетот на собирање на атмосферските води, ова ќе го намали ризикот од поплави. Овој проект е финансиран од Европската унија, а го спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Откако ќе се заврши со чистење на устието на Дрим каде за промена ќе се овозможат услови за развој на бродскиот сообраќај се продолжува со чистење по течението на реката Црн Дрим.

-Вкупната должина на делот кој ќе се чисти е 765 метри. Според направените анализи, проценетата количина на депониран нанос е приближно 14 000 метри кубни кои придонесуваат за намалување на капацитетот на протокот, нееднаква дистрибуција на брзината и можност за натамошно таложење и предизвикува голем ризик од поплавување на населените места.

-Овој проект е резултат на заеднички напори на Општина Струга, Министерството за животна средина и просторно планирање , АД ЕЛЕМ и АД Водостопанство.

-За да се заврши овој крупен зафат силна поддршка и разбирање дадоа туристичките субјекти и граѓаните за што сакаме да се заблагодариме. Посебна благодарност до ЕЛЕМ, кои во интерес на проектот подолг период го прилагодуваат нивото на водата и производството на електрична енергија според потребите на зафатот. Завршувањето на активностите во оваа фаза се очекува до крајот на октомври овааа година, соопштуваат од партијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.