Поранешната славна холивудска детска ѕвезда Ширли Темпл почина на возраст од 85 години.
Актерката стана славна како девојче во 1930 година во филмовите како Bright Eyes, Stand Up and Cheer и Curly Top.
По пензионирањето од филмовите во 1950 година на возраст од 21, Темпл се врати во јавноста како републикански кандидат за Конгресот и како американски дипломат. Стана прва жена шеф на протокол на Белата куќа, на ранк со амбасадор, во јули 1976.
Teмпл го поддржуваше американскиот претседател Ричард Никсон
Таа почина во понеделникот во домот во Вудсајд, Калифорнија, од природна смрт.
“Таа беше опкружена со своето семејство. Ги поздравуваме извонредните достигнувања како актер, како дипломат и најважно како нашата сакана мајка, баба, прабаба и почитувана жена за 55 години на Чарлс Алден Блек”, се наведува во соопштението.