НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мехмети: Како и секогаш Латас победи

0
By Влатко Чаловски on February 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


– Секое поттикнување на еден етникум врз друг, претставува говор на омраза, а не непрофесионално работење, вели во својата реакција за НОВА, Замир Мехмети, членот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, откако на денешната седница со осум гласа „за“ и седум воздржани се изгласа извештајот на стручните служби во кој се заклучува дека нема елементи на говор на омраза во обраќањето на уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас.

Замир Мехмети уште надополни дека не се согласува со анализата, и потенцираше дека таа не била коректно изготвена, не навлегувајќи во шпекулации за тоа.

И покрај тоа што седницата се одвиваше во жестока атмосфера, аргументите на членовите кои го бранеа ставот дека новинарот Латас не ширел говор на омраза Мехмети ги нарече смешни, и дека на крај сепак уредникот на Сител телевизија испаднал победник.

На седницата на која денеска се разгледуваше извештајот на стручните служби, дел од челновите реагираа дека се постапува селективно што е и неправилно, а истото го надополнија со одлуката на ова тело да ја опомени АлсатМ за сензационалистичко известување.

„Гледам поттикнување на еден етникум врз друг. Овој човек со години продолжува на овој начин, известува како сака само не објективно и професионално. Крајно време е да не ја префрламе топката нигде, туку да направиме едно соопштение и да го осудиме начинот на информирање. За мене лично ова е фашистичко известување што го прави Латас и не еднаш тоа е постојано. Мора да му покажеме дека со ова не може и не смее да продолжи“, рече денеска на седницата Замир Мехмети.

Воедно, во почетокот на месец февруари на обраќањето на Драган Павловиќ-Латас реагираше и уредникот на АлсатМ, Мухамед Зекири кој на својот Фејсбук профил напиша:

„МВР ќе поднесе ли преставка сега до СРД или по ново Агенцијата за електронски медиуми за Сител односно Латас кој тресе што му текне … или пак за МВР тоа се повици за соживот, меѓусебна толеранција, зголемување на етничка (не) трпеливост… да не збориме за навреди кон неговите неистомисленици. Ако не на МВР, ќе му текне ли на Зоран Трајчевски да свика посебна седница како што свика за Алсат-М под притисок на Јанкулоска и да заземе став по ова прашање? …“, напиша тој на неговиот профил.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.