Во 56-та година почина Ѓорѓи Ѓорѓиевски- Џокер, филмски работник, кој во својата кариера која започнува од 80-те години има работено со Питер Устинов, Бранко Лустиг, Столе Попов, Милчо Манчевски, Горјан Тозија и други проминентни филмски уметници и дејци.
Ѓорѓиевски, многу попознат по прекарот Џокер, има работено во скоро сите македонски филмови и со најеминентните филмски уметници: Писмејкер, Мемет, Компанија, Тетовирање и многу други, од организатор, преку возач, до продукциски менаџер.
Погребот на Г- динот Ѓеорѓиевски се одржува утре.