Џуди Денч, Сандра Булок, Том Хенкс и Леонардо ди Каприо ќе бидат меѓу ѕвездите на црвениот тепих вечерва, на церемонијата на БАФТА (Британската филмска и театарска академија) филмските награди.
Трилерот во вселената Gravity води со 11 номинации, меѓу кои за најдобар филм, но 12 години ропство сепак се очекува да биде голем победник на ноќта.
БАФТА наградите се последните големи филмски награди пред Оскарите на 2 март.
Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, ќе присуствува на настанот во недела во Лондон, во Royal Opera House.
Наградите, кои ќе се емитуваат на BBC 1 во 21:00 часот, домаќинот е веќе деветти пат истиот- актерот Стивен Фрај.
Режисерот Стив Меквин за својот филм 12 години ропство, филм за за слободен црн човек, кој е киднапиран и поробен, има 10 номинации – вклучувајќи и за најдобар филм, за најдобар режисер и најдобар актер за Чиветел Ејџифор.
Номинации:
Gravity – 11
American Hustle – 10
12 Years a Slave – 10
Captain Phillips – 9
Behind the Candelabra – 5
Saving Mr Banks – 5