Главната награда “Златна мечка” на 64-тиот Берлински филмски фестивал ја добие крим драмата “Црн јаглен, тенок мраз” на кинескиот режисер Дао Jинан.
Американскиот режисер Ричард Линклејтер освои наградата “Сребрена мечка” на 64-тиот Берлински филмски фестивал за најдобар режисер со филмот “Детство”. Награда на Берлинарето за најдобро сценарио добија Дитрих и Ана Брогеман за филмот Kreuzweg.
Наградата за најдобра актерка ја понесе Јапонката Харун Куроки за улогата на дискретна слугинка во воено време во филмот “Малата куќа”.
Кинезот Лијао Фан ја доби наградата за најдобар актер поради пресоздавањето на поранешниот полицаец во “Црн јаглен, тенок мраз”. Уште еден кинески претставник собра награда – Џијанг Цзен ја доби наградата за најдобар кинооператор поради “Масажа на слепо”. Азиското кино триумфираше на Берлинарето.