-Во 2021 планираме и да ја прошириме листата на дијагози за кои е дозволено лечење со медицински канабис и да обезбедиме декриминализација и депенализација на канабисот за мали количини за лична употреба. Бидејќи, точно е тоа што го зборуваат активистите од граѓанскиот сектор – не е во ред некој да оди во затвор затоа што користел поливина грам природен канабис за лична употреба, во време кога веќе насекаде низ светот оваа билка станува легална и за медицинска и за економска дејност.
-Се разбира, полицијата ќе продолжи со своите силни акции против криминал и трговија со дрога, за кои сведочиме секојдневни успеси, за што сакам да му честитам на министерот за внатрешни работи, изјави премиерот Зоран Заев.