НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако половина од граѓаните не веруваат дека вирусот постои, тогаш е неопходна кампања со едукација за вакцините

0
By Нова ТВ on December 26, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден од првите потези на Владата на СДСМ, во 2018 година, беа измените во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со кои во членот 102 се предвиде забрана за медиумско рекламирање на државни институции, односно на нивните услуги и активности. Оваа забрана Владата избра да ја донесе како дел од генералната политика, прво за создавање објективни медиуми, финансиски независни, и второ, како дел од политиката за транспарентност. Секако, и под влијание на сето она што претходно се случуваше кога Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ корумпираа медиуми, па им кешираа на телевизиите износи од десетици милиони евра под изговор дека рекламираат активности на Владата корисни за граѓаните. Но, тогаш таквата коруптивна стратегија на власта значеше и влијание во содржината на вестите и на програмата, но и поставување на свои новинари низ редакциите, за полесна узурпација на етерот.

АКО СЕ ВАКЦИНИРА ПОЛОВИНА НАСЕЛЕНИЕ, НЕМА ДА ИМАМЕ УСПЕШНА ИМУНИЗАЦИЈА

За да ја покаже својата определеност дека на здраво општество му се неопходни здрави медиуми, а тоа подразбира самостојни уредници, слободни репортери и вести без притисок на власта, Владата на СДСМ пристапи кон законски измени и членот 102 беше вметнат во законот. Но, две години потоа, светот се соочува со пандемија, од која како единствен излез се наметна вакцината. Се појавија неколку, а државите, како САД, Велика Британија, а деновиве и оние од Европската Унија, започнаа со имунизација на своите граѓани. Се очекува на почетокот од следната година првите вакцини за 400 000 граѓани да пристигнат и во нашата земја. Но, дали нашите граѓани се подготвени за имунизација, колкумина од нив сакаат да се вакцинираат, дали и веруваат на науката или на заговорите против вакцините?

Ако ја следиме анкетата на Советодавната група за јавна политика „Балкан во Европа” (БИПАГ) објавена деновиве тогаш повеќе од половина од населението во Северна Македонија нема да се вакцинира. Така одговориле граѓаните на прашањата во анкетата. Сите оние кои одговориле дека нема да учевствуваат во имунизацијата веруваат во теории на заговор, што од една страна е загрижувачки затоа што тоа го покажува степенот на свесност кај луѓето, а од друга, затоа што толку висок процент на граѓани кои не сакаат да се вакцинираат е сериозна закана да немаме успешна имунизација, за која, според лекарските и стручните препораки за да биде успешна неопходно е вакцината да ја примат околу 70 отсто. Ако реалната ситуација на терен се соочи со овие бројки тогаш имаме сериозен проблем, кој секако мора да се надмине со стратегија, информирање, едукација и јавно издигнување на прашањето во приоритетно.

Со оглед дека во изминатите осум месеци, откако е започната пандемијата, во реалноста се соочивме со неодговорни граѓани кои упорно не ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, граѓани кои во континуитет не веруваат дека вирусот постои, граѓани кои се лесно подложни на манипулации па веруваат во нелогични теории на заговор, нам ни е неопходен сериозен пристап за да се промени перцепцијата кај овие луѓе за вакцината, за нејзината безбедност, за ефектите, за значењето на имунизацијата. Ова е потребно уште повеќе ако се знае дека вакцинирањето нема да биде задолжително и дека тоа ќе создаде огромна бројка на граѓани кои ќе ја избегнат имунизацијата, а крајната штета е јавното здравје и нецелосно справување со вирусот.

КАКО ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ ГРАЃАНИТЕ АКО ЗАКОНОТ ЗАБРАНУВА ДРЖАВНИ КАМПАЊИ

За да може Владата да ја спроведе таквата едукација на населението, за потоа да може со сигурност да очекува дека барем 70 отсто од населението ќе се вакцинира, и е неопходна помош од сите важни чинители на општествениот живот. Сепак станува збор за вакцина, што самото по себе е сериозно, па оттаму може и треба да се има разбирање за одговорите на анкетираните граѓани, дека не веруваат во вакцините, затоа што на пример, многу брзо биле создадени, нецела година од стартот на пандемијата. Таквите негативни одговори на македонските граѓани се должат и на недоволна информираност и незнаење, па затоа, со континуирана кампања во медиумите, во јавните настапи, со измислена целокупна стратегија за едукација, Владата ќе мора да вложи напори да го смени мислењето на половина од населението. Сега доаѓаме до моментот како Владата да организира кампања, особено медиумска, ако законот и го забранува тоа, како масовно да се информира населението ако тоа не е преку бројните медиуми, како ќе стигне информацијата за безбедна вакцина и неопходна имунизација го последниот граѓанин…

За да имаме висок процент на население кое ќе се вакцинира прво мора тој процент да се обезбеди, а тоа е можно само со постојана кампања во која ќе се вклучат здравствени работници, научници, јавни личности и сите они кои имаат некакво општествено влијание, со крајна цел барем 20 отсто од населението да го смени ставот и да се приклучи во процесот на имунизација. Ова е прашање од јавен и национален интерес, од кое зависи здравјето на сите, но и понатамошниот развој на здравствениот систем, па и на општата економија. Ова е своевиден тест на зрелост за секоја држава, особено за тоа колку има одговорно и едуцирано население. За почеток, бројките се поразителни за нас, но до стартот на имунизацијата има време да се смени сликата и бројчаната предност кон оние кои сакаат да се вакцинираат и кои сметаат дека тоа е единствениот излез од пандемијата.

За да биде можна една сериозна и сеопфатна медиумска кампања очигледно е дека се неопходни законски измени, во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги. Таквите измени мора да се направат внимателно, во консултации со засегнатите, со акцент на јавниот интерес. Можни се две варијанти, но и повеќе ако дискутираат правници. Едната е да се дополни членот 102 со нов член кој ќе направи дистинкција помеѓу владини реклами за политички рејтинг, она што сега е забрането со овој член, и од друга страна кампањи од јавен интерес, она што би се прецизирало со новиот член. Информирањето на граѓаните за ползата од имунизацијата, но пред се за безбедноста на вакцините се наметнува како приоритет, а целиот процес дали ќе биде успешна имунизацијата и дали малиот број вакцинирани нема да го анулира целосно вирусот стануваат прашања од јавен интерес.

Тука практично доаѓаме до моментот дали е подобро да се смени законот, државата да спроведе медиумска кампања за правилно информирање на граѓаните, а таа кампања да резултира со доволен број вакцинирани граѓани и после неколку месеци државата да објави дека сме имунизирани или пак е подобро законот да остане каков што е, со строга одредба, при тоа без јасна дистинкција што е владино рекламирање, а што јавен интерес, и државата да нема начин како да го едуцира населението. И на крај, ако имунизацијата не успее кој ќе биде виновен? Секако дека Владата. А зошто? Затоа што немала соодветна едукација на граѓаните за да вложи напор да го смени ставот кај дел од скептиците.

Втората варијанта е да се избрише постоечкиот член 102 и на негово место да дојде друг член, па пак да има само еден член кој би ја третирал забраната за владино рекламирање, но во него би се направила јасна поделба кога државните институции смеат, а кога не смеат да објавуваат реклами, со акцент на јавниот интерес. Јасно е дека во ваква држава многумина нема да поверуваат во намерата на Владата, но таа нема друг начин ако сака на секого од нас да му влезе дома и да го предупреди дека поопасно е ако не се вакцинира, отколку ако го стори тоа.

АКО ЕМИТУВААТ БЕСПЛАТНО ТОГАШ ТЕЛЕВИЗИИТЕ САМИТЕ БИРААТ КОЛКУ ПАТИ И ВО КОИ ТЕРМИНИ ПУШТААТ СПОТОВИ

Дали Владата има други аргументи ако се одлучи да пристапи кон законски измени, освен клучниот- јавниот интерес? За една кампања да биде успешна и да ги даде посакуваните резултати заради кои и би се спровела, таа мора да биде широко распространета, сеопфатна, но и прецизно дефинирана во кое време на која телевизија би се емитувале спотовите. Неодамна телевизиите започнаа со бесплатно рекламирање и промоција на мерките за заштита од вирусот кои предвидуваат носење маска, држење дистанца и забрана за групирање. Секако дека дел од општествената одговорност на телвизиите е да излезат во пресрет на државата и да ги емитуваат спотовите без парична надокнада, но на тој начин нарачателот не може да влијае во изборот на термини за објава, исто како и на бројот на емитувања, што може да се смета како ненамерно попречување на кампањата.

Понатаму, медиумите значи веќе излегоа во пресрет за да пуштаат спотови за промоција на мерките на превенција и не може да се чуваат во ситуација дека секогаш кога на државата ќе и притреба со нешто да го извести народот тие се тука бесплатно да го сторат тоа. Мора да се има предвид дека оваа кампања сигурно би траела неколку месеци без прекин и тоа со по десетици емитувања во текот на денот на една телевизија, што исто така би било отежнување за медиумите ако им се остави тоа според нивните слободни минути, а од друга страна ќе се загрозува интензитетот на кампањата.

Затоа, информирањето на граѓаните не може да се остави само на медиумите, туку целиот осмислен процес мора да оди организирано, а не спонтано. Дополнително, дали телевизиите се подготвени пет, шест или седум месеци, секој ден, во определени 10 до 20 термини во денот, да емитуваат спотови, а при тоа да не наплатат ништо? Дали тие лесно би се откажале од пари во ситуација на пандемија, во која, иако можеби не целосно, сепак страдаат заради намалувањето на економските перформанси на нивните коминтенти? На крајот, Владата нема да се рекламира себе си, нема да рекламира некоја услуга или активност, туку ќе го информира населението за значењето на вакцината, а тоа би значело заштита на јавното здравје, кое пак е од јавен интерес.

И ЛОКАЛНИТЕ СТАНИЦИ ДА ИМААТ ПРАВО ДА ЕМИТУВААТ СОДРЖИНИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС

Пред неколку дена премиерот Зоран Заев изјави дека е неопходно да се најдат модели како да им се помогне на локалните медиуми па посочи дека тоа е можно преку договори со јавните претпријатија, општини и слично, во делот на нивната транспарентност и спроведувањето на нивните одлуки, како што се седниците на управни одбори, на советите… Таа негова изјава предизвика реакции, особено кај дел од новинарите, затоа што беше протолкувана дека одново се враќа корупцијата во медиумите преку државни реклами, во случајов општински. Но, ако се изберат вистински дефиниции за тоа што е јавен интерес, и ако во договорите на медиумите со општините прецизно се постават критериумите што може, а што не може да се емитува како оглас, реклама, кампања… тогаш суштината би била дека општините и нејзините органи би можеле да објавуваат содржини кои не би биле политичка реклама, туку информирање на граѓаните за нешто во кое може да учевствуваат за да си го подобрат животот.

На пример една општина од внатрешноста кога ги менува урбанистичките планови, може преку повик на локланите телевизии да ги анимира граѓаните што помасовно да се вклучат со свои предлози. Ако нема такви известувања, како сега, голем дел од тие планови се носат зад затворени врати или со присуство на малкумина заинтересирани граѓани. Тој оглас би чинел одредена сума пари, би траел извесно време, но важно ќе биде дали ги постигнал саканите ефекти, односно дали граѓаните дошле во голем број и дале паметни предлози за урбанизација на нивната општина.

Затоа, целиот процес со законски измени, ако се оди кон тоа, мора да се изведе крајно внимателно, во консултации со поширок круг, а решенијата кои ќе се донесат да не оставаат впечаток дека денес се направени за кампањата за вакцини, ама утре Владата може да рекламира што сака и колку сака со народните пари. Ако се направи јасна дистинкција кога државата може да плати кампања од јавен интерес наспроти да се рекламира себе си, тогаш зошто не би се менувал законот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025
ФОКУС

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15…

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.