НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Матео Ренци, 39 години, на патот да стане најмладиот премиер во ЕУ

0
By Нова ТВ on February 17, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на Демократската партија на Италија Матео Ренци од утре ги почнува консултациите за формирање на нова влада. Ренци вети дека во задачата ќе ги “вложи сета своја енергија и ентизујазам”. Со своите 39 години, и доколу собранието го усвои предлогот на нова влада, тој најверојатно ќе стане најмладиот премиер во ЕУ.

Ренци денес даде оставка на својата функција на градоначалник на Фиренца.

Според дадените ветување Италија од него се надева на инстуционални реформи околу изборното законодавство и укинување на Сенатот, реформа на јавната администрација и напори за намалување на невработеноста која во Италија се искачи на 13 проценти. Сите овие задачи тој верува дека ќе го заврши до 2018 година.

Италијанските медиуми Ренци го нарекуваат “човекот што брза” и додаваат дека досега тој сретнал повеќе проблечи во составот на новата влада. Морал да се откаже од економистката Лукрециа Реихлин за местото на министер за економија која е оцената од аналитичарите како политичар кој нема да има доволно тежина пред Европската комисија и Централната европска банка. Овој ресор е витален за излегување на рецесијата на Италија.

Освен тоа, писателот Алесандро Барико одбил да биде министер за култура.

Друга тешкотија се барањата на блиските на Силвио Берлускони од Новиот десен центар кои инсистираат да бидат дел од новата влада.

Досега јавноста не доби точни детали зошто Демократската партија успеа да ја турне владата на досегашниот премиер Енрико Лета од која доаѓа и Ренци кој нема никакво искуство ни во парламентот ни во министерство.

Според неделникот “Еспресо” станува збор за “смртен скок” кој може да резултира или во “потврда на неговото лидерство или да ја уништи неговата популарност”.

Во својата партија, најавувајќи ги реформите, Ренци рече дека Италија мора да “смени и хоризонт и ритам” и да излезе од “мочуриштето”. Но тој не даде никаков детал за тоа каде ќе најде пари за оживување на економијата, ублажување на даночниот товар врз претпријатијата и ниту пак за борбата против невработеноста.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.