Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гевгеличани бараат чиста вода за пиење- доста им е од „Арсена“

0
By Влатко Чаловски on February 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 17, 2014 18:15


Поддржани од граѓанската асоцијација „Фото-глас“, граѓаните од Гевгелија по утврденото присуство на арсен во водата со 14,8 отсто микрограми (надминувајќи ја границата од 10 отсто пропишана од СЗО), преку симболичен настан денеска се обидоа да ја поткренат свеста кај надлежните, промовирајќи вода „Арсена“ од гевгелиските чешми во центарот на градот Скопје.

Според граѓаните и активистите, општинските власти ги кријат реалните податоци и го прикриваат проблемот затоа што на Општината, сметаат, не и оди во прилог граѓаните да бидат информирани, а со тоа, поголемиот број од нив не ни знаат дека консумираат вода со арсен.

Светската здравствена организација пак, го опишува арсенот како еден од најсилните отрови кој во многу мали дози убива бавно, но ефикасно.

Јованка Дојранлиева, жителка на Гевгелија, пред камерата на НОВА изјави дека иако им било ветено дека секој месец ќе се врши испитување на водата, веќе 17 месеци нема никакви информации, а седницата во општината на која се расправало за овој проблем била емитувана како снимка некаде околу 2 часот по полноќ, причина повеќе за народот да не се информира.

Активистот Никола Писарев изјави дека елитите го затајуваат овој проблем.

„Овој проблем доста успешно се евтанизира од елитите во Гевгелија веќе подолго време, се држи некаква висока рестрикција за да не се зборува за ова…на овој начин практично се обидуваме да ја алармираме македонската јавност за овој проблем на гевгеличани“, вели Писарев, и ги повика надлежните да се заангажираат за решавање на проблемот со водата за пиење.

Игор Узунов пак, кој е исто така жител на Гевгелија, вели затајувањето на овој проблем во Гевгелија можеби е со цел да не се изгубат дополнителни политички поени, и повика на инвестиции во средување на водата за пиење, која е од огромно значење за граѓаните на неговиот град.

„Пијте АРСЕНА доколку сакате проблеми со: црниот дроб, кардиоваскуларниот, респираторниот и репродуктивниот систем, како и сите видови промени на кожа“, е еден од слоганите под кои беше промовирана водата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.