НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на стихозбирката „Зад лавиринтот“ од Матеја Матевски

0
By Нова ТВ on February 18, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ на 20 февруари (четврток) во 12 часот ќе биде промовирана новата поетска книга „Зад лавиринтот“ од академик Матеја Матевски, со што издавачот ја одбележува 85-годишнината од раѓањето на големиот македонски поет. Во оваа пригода за делото ќе говори проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска, а стихови ќе интерпретира Софија Гогова Врчаковска.

Матеја Матевски во изминатите шест децении создаде антологиски поетски дела, со кои во нашата книжевност востанови високи книжевни стандарди.Големиот завлек во таинствените пори на времето во новата поетска книга е искажан со притаен глас, засилен со метафори и асонанци, понекогаш и со внатрешни длабоки рими, со што поетот ја потенцира вештината за создавање поезија со мисловен пев и со силни лирски пораки.

Пред појавата на Матеја Матевски, македонскиот јазик не знаеше за такви изразни можности и лирски експресии. Неговиот начин на пеење прерасна во убава поетска школа во вистинската смисла на зборот, која во поетската книга „Зад лавиринтот“ добива еден нов, заокружен облик, констатитира Раде Силјан во поговорот под наслов „Матеја Матевски-поетски мудрец со младешки дух“.

Матеја Матевски е автор на дваесет стихозбирки, на седум книги со критики и есеи,, на четири антологии од шпанската,каталонската и галициската поезија, а како пасиониран преведувач има преведено над шеесет одделни книги од: шпански, француски, словенечки, албански, италијански, српски и руски јазик.Неговата поезија е застапена во македонски, еворпкси и светски антологиски избори и е наградувана со престижни домашни и меѓународни признанија. Во 2011 година Матевски беше добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.