НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ ќе одеше на избори ако ја имаше предноста што ја има СДСМ

0
By Нова ТВ on January 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали на државата и се неопходни предвремени парламентарни избори како што уверува опозицијата или таквата идеја на Христијан Мицкоски е само обид, во немањето идеји, да манипулира со јавноста дека власта исплашена наводно не сака избори, анализира НОВА. А зошто би сакала, кога избори имаше пред нецели шест месеци и СДСМ ја потврди довербата од граѓаните. Уште повеќе ако се знае дека на изборите во 2016 година СДСМ бројчано загуби од ВМРО ДПМНЕ и покрај тоа што после формираше влада, за разлика од последните избори кога СДСМ победи со предност од два мандата.

Дали Северна Македонија е подговена да изгуби нови шест месеци во организација и спроведување на избори? Според некои непишани правила предвремени избори се одржуваат кога државата е во политичка криза (како во 2015 година по објавата на незаконски прислушуваните материјали) или кога се случува некаков голем политички пресврт, па мора да се почне „отпочеток“ (како членството во НАТО или блокадата од Франција за почеток на преговори со ЕУ). Или во ситуација кога власта нема парламентарно мнозинство, односно кога нејзините политички противници можат лесно да изгласаат недоверба во парламентот.

Кога партиите излегуваат на избори нудат програма за мандат од четири години, период во кој власта има време да се обиде да ги исполни изборните ветувања, а потоа тоа да го користи како аргумент за освојување нов мандат, за следните четири години. Ако во четирите години мандат не се случи ништо драматично, тогаш е логично и исправно партиите кои формирале влада да го истераат целиот мандат, за граѓаните да имаат појасна слика дали партијата на власт заслужува нов мандат или потфрлила, но тоа да биде измерено според владеењето во целиот мандат.

Тоа што претходно Никола Груевски на секои две до три години одеше на предвремени избори после прислушуваните аудија стана јасно зошто го правел, да го држи членството во гласачка кондиција и само да докупува нови години мандат. Тоа негово правило мора да прекине, односно мора одново да се вратиме на четиригодшниот циклус на избори, пред се заради граѓаните и нивните потреби, да можат да оценат дали конкретната власт може да се носи со предизвиците за да и доверат нов мандат.

ДА БЕШЕ ВО ЗДРАВСТВОТО КАКО ШТО ЛАЖЕ ВМРО-ДПМНЕ, ПОЛОВИНА ЛЕКАРИ ЌЕ ЗАМИНЕА

Кога ВМРО ДПМНЕ повикува на предвремени избори како аргументи ги користи пандемијата, односите со соседна Бугарија, економската ситуација. Но, дали ова се теми заради кои треба да има избори? Од самиот старт на ковид кризата владата ги презема сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје, со мерки кои се речиси идентични низ целиот свет. Кога кај нас пандемијата доживуваше пик истото се случуваше насекаде без исклучок, кога ни се зголемуваше бројот на починати, зголемена бројност бележеа и државите со современи здравствени системи, едноставно корона вирусот создаваше иста клиничка слика низ сите држави, па ние не бевме исклучок. Тоа што опозицијата од самиот старт покажа неодговорност и деструктивно делување и многу пати со лажно известување на јавноста во врска со вирусот, сега сака да го искористи за поинакво преставување на реалноста и за повик за предвремени избори, е крајно нечесно и популистички кон граѓаните.

Наместо ВМРО ДПМНЕ да ја искористи својата политичка позиција како најголема и највлијателна опозициска партија и да даде свој придонес во справувањето со здравствената криза, а тоа да го искористи за раст на политичкото конто, Мицкоски избра со манипулации и критики на се што презеде владата, да го гради личниот и партискиот рејтинг. Но, неговата лична и партиска одговорност многу пати потфрлија, па освен што ги критикуваа мерките за заштита тие не сакаа ниту да ги почитуваат, па самиот Мицкоски беше лош пример за граѓаните како партиски лидер не смее да се однесува во време на пандемија.

Паралелно со масовните тестирања, владата градеше модуларни болници, доградуваше здравствени капацитети, инсталираше системи за кислород, инвестираше во здравството, парично ги награди сите посветени медицински работници, или се што можеше направи. Ако ситуацијата во здравствениот систем беше онолку катастрофа за каква што ја опишува ВМРО ДПМНЕ до сега ќе имаше гласни реакции на медицинските работници, ќе даваа откази и ќе протестираа против погрешните политики, ако постоеја. Но, напротив, целиот медицински персонал покажува високо ниво на професионалност, одговорност и солидарност, а таквото функционирање некој мора да го создаде. Оттаму, справувањето со пандемијата и заштитата на јавното здравје на Мицкоски не му е никаков аргумент затоа што на тоа поле ја губи битката, особено со тоа што само критикува, а никогаш не се вклучува во процесите за намалување на последиците од вирусот.

САМО БУГАРИЈА И ВМРО-ДПМНЕ НЕ САКААТ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Исто така, ВМРО ДПМНЕ гази по тенок мраз кога станува збор за односите на Северна Македонија со Бугарија, па нивното повторување дека после блоката на источниот сосед владата е неопходно да поднесе оставка, е пукање во празно. После 30 години независна држава, конечно една владејачка гарнитура се одлучи да преземе похрабри потези и преку цивилизиран дијалог да ги надмине конфликтите со соседите, па така владата на Зоран Заев потпиша два историски договори, едниот со Грција и другиот со Бугарија. Со тоа, за прв пат во историјата на нашата држава и се отвори патот кон НАТО и ЕУ, а владата тоа максимално го искористи. Членството во НАТО беше извесно, но сепак некој мораше да го одработи, а преговорите со Европска Унија во оваа фаза воопшто не зависат од СДСМ, од владата или од политички поединци, тие зависат од далеку поинакви фактори и за тоа одлучуваат сосема други држави.

Зошто блокадата од Бугарија не може да биде причина за оставка и за предвремени парламентарни избори? Кога Франција не блокираше од процедурални причини, заради методологијата за проширување на Унијата, таа имаше поддршка од речиси сите земји членки, па Заев доживувајќи го тоа како личен пораз одлучи дека после неочекуваниот удар од Франција, треба да им се даде шанса на граѓаните на предвремени избори да одлучат дали остануваат на определбата за евроинтеграции. И тоа, тој го направи тоа во време кога беше очекувано дека рејтингот му се намалува, а не како што правеше Груевски кога ќе осетеше дека рејтингот му е највисок и знаеше однапред дека ќе победи на изборите. Дополнително што тој ги местел сите изборни циклуси и лажно се одржувал на власт.

Но, кога Бугарија го направи истото од само за нив познати причини, целата Унија застана зад Северна Македонија, на крајот дури и не можеа да се изгласаат заклучоците во Брисел затоа што Чешка и Словачка ставија вето со објаснување дека билатералните односи, особено толкувањето на историјата, не може да бидат причина за непроширување на ЕУ. Ова директно значи дека владата го положила тестот, дека Северна Македонија ги исполнила критериумите да започне преговори, но дека Бугарија неосновано го блокира процесот. Значи, ова не може никако да биде пораз на Заев и на СДСМ, туку е пораз на ЕУ, на Бугарија, и на крајот на нашата држава и нашите граѓаните. Ама ВМРО ДПМНЕ не сака оваа ситуација реално да ја престави пред јавноста и измислува дека блокадата на Бугарија е пораз на СДСМ и затоа морало избори.

Сега има најави дека преговорите со Унијата ќе ги започнеме годинава, дали во март, дали во јуни, но поважно е дека владата не смее да отстапува од европската определба, а оваа влада тоа и го прави. Поважно е Европа да ја донесеме дома, отколку само формално да сме членка на ЕУ, како што се многу држави, вклучително и Бугарија, кои трпат постојани критики од Брисел дека не ги исполнуваат реформите и критериумите за членки. Што значи, реформите во судството, образованието, здравството… нема да прекинат, напротив сведоци сме периодов дека тие се засилуваат. Затоа не смее предвремени избори по волја на ВМРО ДПМНЕ со цел да го попречат она што значи европска агенда. А во следните четири години мандат СДСМ може да започне преговори со ЕУ и да затвори некои поглавја, а дома да започе процес со примена и почитување на европските вредности, па граѓаните ќе имаат можност на крајот од мандатот да проценат дали вределе четирите години, односно дали доволно се сработило на патот кон Европската Унија, за да знаат кому да ја дадат довербата.

Од преговорите со Бугарија едно стана јасно кое му боде очи на Мицкоски дека за идентитетот и јазикот не се преговара, а тоа се неговите лажни аргументи со кои манипулира со јавноста кога зборува за некакво велепредавство, за продажба на националните интереси, за уништување на државата… Иако вистината е сосема поинаква, кога се инсистира на предвремени избори се користат овие лаги за да им се престави на граѓаните вмровската вистина за преговорите. Значи и на оваа тема ВМРО ДПМНЕ е губитник, по децениско владеење успеаја само да не искрааат со сите соседи, а договори и интеграции за нив беа мисловна именка.

АКО ЗНАЕ КАКО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ЕКОНОМСКАТА КРИЗА МИЦКОСКИ НЕКА СЕ ПРИКЛУЧИ НА „ЗА ТАТКОВИНАТА СО ЉУБОВ“

После меѓународната дипломатија, на која владата на СДСМ ги посвети првите две години од првиот мандат, оној од 2017 година, и успеа да потпише два договори и да ја внесе државата во НАТО, чин на кој Мицкоски не осети емоција кон државата и народот да аплаудира за историскиот успех, владата во третата година од мандатот се соочи со светска здравствена криза, во период кога имавме техничка влада. Тогаш предвремени избори беа неминовни за да се надмине таквата ситуација и да се избере политичка влада. Но, здравствената криза ги попречи сите планови за внатрешен напредок, покрај дипломатските успеси. Но, иако политичката ситуација беше турбулентна пред изборите лани, сепак владата најде начин како да спроведе четири пакети економски мерки, а на повидок е и петиот.

И во ситуација кога сите стопански комори и синдикални организации ги поддржуваат економските мерки и нагласуваат дека тие се носат во соработка и консултации со нив, само ВМРО ДПМНЕ не ги гледа ефектите од економските интервенции на владата. И повторно Мицкоски ја критикува секоја економска мерка, но никогаш не се вклучува да помогне, со знаењето за кое тврди дека го поседува. Еден коректен политички гест ќе беше ако тој, или неколкумина од неговото опкружување се приклучеа на платформата „За татковината со љубов“ иницирана од вицепремиерот Фатмир Битиќи со повик секој што смета дека знае како да и помогне на државата во надминување на економските последици предизвикани од корона кризата да се приклучи со совети, идеји и предлози. Но, и тоа е многу за Мицкоски, тој наместо со работа да покаже колку вреди, тој мисли дека со повикот за предвремени избори ја завршил работата.

МИЦКОСКИ СЕ ПЛАШИ ДЕКА НЕМА ДА Е ПАРТИСКИ ЛИДЕР АКО ИЗБОРИТЕ СЕ ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ

Јасно е дека на сите теми, кои ВМРО ДПМНЕ ги споменува како аргументи за избори, партијата губи. Па затоа сега прашање е дали СДСМ ќе одолее на повикот за избори во име на одговорноста и ќе продолжи онаму каде што е, или пак, ќе ја искористи ситуацијата да и забие на ВМРО ДПМНЕ, оти ако се следат анкетите од изминатиот период Заев и натаму е со доминатна доверба кај граѓаните, а неговиот СДСМ води пред партијата на Мицкоски. Но, ако Заев се реши на избори и ја користи предноста со рејтингот, тогаш нема да биде ништо поразличен од ВМРО ДПМНЕ, освен што ќе настојува на секои година до две да купи нови четири, како што правеше Груевски. Едноставно Заев мора да истера еден цел мандат, после довербата добиена на последните избори, на кои неговата партија освои мнозинство пратеници во парламентот. Само така можеме да знаеме колку имал исправни политики, колку остварил од ветеното и дали постоеле објективни причини за тоа што ќе остане нереализирано, па така ќе знаат македонските гласачи дали одново да го изберат за премиер.

Грубо кажано, ако се направи пресметка на годините владеење на СДСМ, јасно е дека од средината на 2017 година до крајот на 2019-та фокусот беше ставен на меѓународната политика со замисла ако таму државата добро се позиционира и ги обнови пријателствата во регионот и низ светот, што е факт дека е направено, тогаш полесно ќе се донесат инвестиции, ќе се отворат работни места, ќе се засилува економијата. И тоа тргна натаму, но, ковид кризата цела измината година, а сигурно ќе загорози и голем дел од актуелната, ги измести сите држави и буџети, па и нашиот. Затоа, ова е сега првата година од новиот мандат која ќе мора да се посвети на здравството и економијата, откако се уверивме дека цела европска заедница е на наша страна и дека во нас препознава сериозен соработник и партнер. Практично, допрва ќе ги проверуваме знаењата на Заев за домашна економија и подобрување на стандардот, а тоа не е можно ако повторно, и ако постојано одиме на предвремени избори. Исто како што нема да може да се реализираат, односно ќе се одложат, започнатите важни реформи во образованието, филтрацијата во судството и негово реформирање, инвестоциите во здравството, пред се со клиничкиот центар. Затоа Мицкоски најверојатно ќе мора да почека цел мандат додека се организираат избори, ако до тогаш сопартијците не го сменат од лидерската позиција. Дали тоа е причината заради која му се брза и од која се плаши Мицкоски?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.