Во чест на актерот Игор Маџиров, кој на 20 февруари пред 14 години трагично го загуби својот живот, во Народниот театар „Антон Панов“- Струмица ќе биде изведена претставата „Каминот“.
На претставата ќе бидат присутни колеги од неговиот ансамбл, а пред претставата ќе се обрати неговиот колега, актер и директор на Театарот за деца и младинци-Скопје, Драган Довлев.
Јавноста го паметат Маџиров како актерот со црвена коса, Могли – детето од џунглата, момчето што со калашников го пречека Раде Шербеџија во филмот „Пред дождот”, по неговата улога во детската серија „Светот на бајките“…
Претставата „Убавицата и ѕверот“ во Театарот за деца и младинци беше последна за него, својата улога ја одигра само осум часа пред неговата смрт на 20-ти Февруари 2000 година.
Во Театарот за деца и младинци, во периодот од 1993 до 2000 година Маџиров одигра над 500 претстави.