Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ се заканува со итни санкции против блиските на Јанукович

0
By Светлана Јовановска on February 19, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 19, 2014 11:56

ЕУ утре ќе одржи вонреден состанок на министрите за надворешни работи посветен на Украина.

Повеќе земји членки на ЕУ денес побараа санкции против Украина а некои дури сметаат дека Виктор Јанукович може да биде изедначен со Александар Лукашенко од Белорусија. Јанукович во вторникот одби да одговори на телефонските позиви на германската канцеларка Ангела Меркел и шефот на Европската комисија (ЕК) Хозе Мануел Баросо.

Порака од лидерот на опозицијата Виктор Кличко сабајлево од Европскиот парламент (ЕП) испрати и познатата пејачка Руслана која, завиткана во европско знаме, се појави на прес конференција и рече дека ќе почне штрајк со глад доколку ЕУ не воведе лични санкции против виновниците за насилството.

“Ова што се случува во Украина не е револуција, не е конфликт, не е граѓанска војна туку е војна на Јанукович против неговиот народ”, рече Руслана.

Од Брисел таа замина за Киев каде ќе им се придружи на протестантите.

Европскиот портал ЕУОбзервер јавува дека германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штејнмејер, кој досега беше противник на санкции, изјави дека одговорните за насилството треба да знаат дека санкциите против нив ќе бидат разгледани во ЕУ.

Со слична изјава излезе и шведскиот министер Карл Билд. Според ЕУОбзервер станува збор за санкции против замрзнување на имотите на Андреј Клујев кој му е шеф на кабинет на претседателот Јанукович, поранешниот премиер Микола Азаров и синот на Јанукович Олександар кој поседува фирми во Австрија, Холандија и Велика Британија.

“Нема околности кои можат да ги оправдаат сцените што ги видовме”, изјави Баросо, го осуди насилствата, побара нивни крај и кој исто така изјави сочувство за семејствата на загинатите. Баросо рече дека ЕУ и нуди чесна поддршка на Украина за да се воспостави политички дијалог и верува дека е потрена уставна реформа и создавање услови за нова инклузивна влада и демократски избори.

Загриженоста со ЕУ ја делат и Вашингтон и генералните секретари на НАТО и на ООН кои исто така повикаа за прекин на насилството и обнова на разговорите со опозицијата. Белата куќа смета дека употребата на силна нема да ја реши кризата.

Првата денешна реакција на Москва беше обвинување на Западот за работ на граѓанската војна на кој се наоѓа Украина. За Русија овие насилства се “директна последица за блискоста ма западните политички лидери и европските структури кои ги затвораат очите врз агресивните акции на радикалните сили”, рече шефот на Комисијата за надворешни работи на Думата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.