НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Живко Митревски, синдикалниот лидер кој на стечајците им се обраќа со соопштение

0
By Менче Атанасова Точи on February 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синдикалниот лидер Живко Митревски не почувствува за потребно да објасни зошто на вчерашните протести не излезе пред стечајците, туку својот став го прати во писмена форма преку соопштение. Додека стечајците го повикуваа да излезе пред зградата на ССМ, тој задлабочен од својата фотеља им напиша писмо во кое им соопшти дека проблемот на стечајните работници, настојувал да биде решен на начин што ќе се обезбеди заштитита на оваа категорија на работници.

-Немам да кажам ништо повеќе, нашиот став е содржан во вчерашното соопштение, изјави денеска кратко за НОВА, Митревски.

Стечајците соопштението не го ни прочитаа, ги искинаа листовите хартија што им ги прати синдикалниот лидер, Митревски. Кој е всушност Живко Митревски првиот синдикалец во државата, човекот кој не им се придружи на стечајците, а тврди дека да ги застапува правата на работниците.

-Очигледно е дека Митревски не стои зад интересите на стечајците како поранешни членови на Сојузот на синдикатите. Не само што требаше да се симне меѓу стечајците, туку требаше да застане рамо до рамо со нив, да ги подржи, вели за НОВА Драги Јовановски експерт за трудово право и поранешен кандидат за претседател на ССМ.

Јовановски тврди дека е спорен и изборот на Митревски за претседател, за што се води и судска постапка во македонските судови..

-Претседателот може да го избере и разреши само конгрес, а неговиот избор беше направен на нелегитимен состанок во хотелот Континентал. Во 14 часот беше регистриран во Министерството за труд и социјала, а веќе во 15 и 30 го покажа решението дека тој е новиот претседател на ССМ, вели Јовановски.

И Марјан Ристевски од Конфедерацијата на синдикални организации смета дека Митревски не само што не ги застапува интересите на работниците, туку и вешто соработува со власта.

-Единствено што му честитам на Митревски е што успева да игра со сите влади. Тој беше во раководството ССМ во 2001 –ва година кога излезе јавно на прес конференција и го повика членството да дадат подршка на СДСМ. Сега пак, гледаме што се случува. Тоа покажува колку добро игра во зависност од тоа како се менуваат партиите на власт, изјави Ристевски за НОВА.

Митревски постојано се правда дека работи стратешки да нема масовни отпуштања од работа, намалување на платите и зголемување на пензиската граница. Но класните разлики се се повеќе нагласени. Додека од една страна основната загарантирана плата е 130 евра, највисоката плата е 83 000 евра, а во државата дури 20 проценти од населението се богати луѓе. Од друга страна дури 80 000 илјади луѓе живеат со плата од 8050 денари.
Статистиката покажува дека луѓето, особено младите се повеќе ја напуштаат државата, а социјалните права се на многу ниско ниво.

-Ние стоиме на располагање со сите промени во законодавството, работиме на заштита на правата на работниците изјави во интервју за НОВА, Живко Митревски на Меѓународниот ден на трудот.

Митревски тогаш потенцираше дека нема мешање на политиката во ССМ, и објасни дека ССМ нема да се приклучи на протестите на синдикалните движења во Европа.

-Во Луксембург има сериозни проблеми, 30 проценти од работниците се избркани од работа. Во Македонија ќе има протести доколку се намалат платите, се бркаат работници од работа, доколку се зголемат пензиските граници, изјави Митревски во интервју за НОВА.

Еве дел од разговорот со Митревски, токму на оваа тема.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.