На наградите кои ги слават најуспешните британски уметници, Артис манкис ги прогласија за најдобра британска група и им ја доделија наградата за албум на годината.
По 30 години, поточно од1984 година кога беше прогласен за најдобар британски машки изведувач, британската музичка “академија“ повторно го прогласи Боуви за најдоброто од островската сцена.
Но, тој не се појави на сцената. Наместо него, наградата ја прими британската манекенка Кејт Мос. Облечена во еден од костимите со кој Боуви настапувал во седумдесетите години на минатиот век, таа наместо говор прочита писмо во кое е цитиран јапонски мит и апел до Шкотите на референдумот да гласаат против поделбата на Шкотска од Велика Британија.
– Шкотска, те молам остани со нас, напишал Боуви, кој по пауза од десет години повторно се врати на музичката сцена.
Фарел Вилијамс на црвениот килим
“Рудиментал“ дома заминаа со песна на година, а Бруно Марс и Лорди со признание за најдобри интернационални изведувачи. Ели Гудлинг е најдобрата женска изведувачка од британскиот осторв.
Никол Шерцингер
Водител на шоуто беше Џејмс Корден, кој на сцената си размени бакнеж со својот партнер.
Твитер пак денеска ги објави резултатите дека дури 2.17 милиони твитови го носеле хаштагот на Brits awards. Намногу твитови биле посветени на Бијонсе, која вчера во О2 Арена, настапуваше со својот последен сингл ХО.