Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Киев во крв. Во текот на денот убиени се 60 демонстранти

0
By Нова ТВ on February 20, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 20, 2014 17:53


Вака изгледа Киев денeска. Во улични престрелки меѓу полицијата и демонстрантите десетици беа ранети, а стотици повредени.

Под тенкиот, бел штоф, наредени едно до друго лежат седум тела. Прекусата прекривка не може да ги покрие главите и стапалата. Пред рецепцијата на хотелот Украина – крв, само неколку часа по „прекинот на огнот“ кој го прогласи украинскиот претседател Виктор Јанукович. Но наводното примирје денеска (20.02) во Киев се претвори повторно во крвопролевање – најмалку 60 демонстранти, според опозициски извори, се убиени во центарот на градот, голем дел од нив со само еден единствен куршум, јавува Дојче веле повикувајќи се на агенцијата Франс прес.

„Погодени се во главата или во срцето, со боева муниција, не со гумени куршуми“, вели Наталија, која е дел од санитетската единица и притоа покажува со прстот на крвавото заштитно елече кое лежи на земја, пробиено од само еден куршум. Нејзината колешка Олга Богомолец на Фејсбук напиша: „13 активисти се убиени од снајперисти“. Демонстрантите се погодени од еден единствен куршум.

Стотици вооружени демонстранти изутрината ја нападнаа полицијата, која возврати со пукање. Во импровизираните сали на опозицијата, каде што се носат телата на загинатите, како што е хотелот Украина, кој демонстрантие го претворија во болница, има многу жртви. Знаме на Црвениот крст во меѓувреме се вее над сталинистичка зграда на плоштадот Мајдан, окупиран од илјадници опозиционери веќе три месеци.

„Се‘ почна околу 8 часот изутрина, кога Беркут се обиде да го запали Музичкиот конзерваториум“, раскажува Андриј, член на службата за ред на Мајдан. Беркут, специјалната единица на украинското Министерство за внатрешни работи, е особено омразена кај демонстрантите, а Музичкиот конзерваториум на демонстрантите им служи како место каде можат да се повлечат и да имаат мир. „Сакавме да ги истиснеме и тие припукаа врз нас со Калашникови и снајпери.“
Полицајците се повлекоа неколку стотини метри и предадоа површина која ја обезбедуваа ноќта меѓу вторникот и средата. Министерството за внатрешни работи денеска тврди дека и еден снајперист на опозицијата пукал целно врз полицајци и дека повредил 20-мина. Фотограф на Франс Прес беше сведок кога тројца полицајци беа заробени од страна на демонстрантите. Каде тие се наоѓаат сега, не е познато.

Почетниот бес на Мајдан се претвора во се‘ поголема решителност – луѓето формираат човечки синџири и влечкаат предмети со кои градат барикади. На подиумот говорник го повикува населението да донесе лекови и материјали за прва помош на плоштадот. Постарите поддржувачи на опозицијата корнат делови од тротоарите, млади девојчиња делат стотици Молотови коктели на оние кои држат стража на барикадите.

Опозиционите сили за ред, кои чинат добар дел од демонстрантите на Мајдан, располагаат со опрема која има се‘ и сешто, но која делумно е и сосема добра, како металните штитови, кои се идентични со штитовите на полицајците, шлемови, заштитни елеци, метални шипки, чекани… Новинар на АФП виде и демонстрант со оружје. Активистите ги напаѓаат полицајците во мали групи, организирани паравоено, притоа криејќи се зад металните штитови. Меѓу нив има и десноекстремни националисти и фудбалски навивачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.