НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пелоси: Републиканците го погазија Уставот на САД

0
By Борјан Јовановски on February 14, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Републиканците не успееја да го сработат она што е нивна работа, да ја почитуваат институцијата на која и служат, изјави синоќа спикерот на Претставичкиот дом, Ненси Пелоси, веднаш по гласањето во Сенатот кога поранешниот претседател Доналд Трамп беше ослободен од обвинувањата за поттикнување бунт во Конгресот.

– Да ја почитуваат истата институција која претходно беше вандализирана, и чиј претседател, претседателот на Сенатот, Мајк Пенс, беше предмет на извици „обесете го Мајк Пенс“. Тие едноставно го порекнаа тоа. Зошто? Можеби не можат да си најдат друга работа, рече Пелоси.

Таа додаде дека се работи за политичкото преживување, „кое е многу поважно од нашиот Устав, пред кој толку често се колнеме дека ќе го заштитуваме и браниме“.

Таа го обвини лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел за лицемерие.

– Тој намерно го затвори Сенатот за менаџерите на импичментот да не можат да ги предадат одредбите за импчпмент. Меконел намерно го направи тоа се до инауграцијата за да има изговор. Фактот дека тој првин го обвини претседателот, но потоа рече дека го ослободува бидејќи не е повеќе претседател, говори многу, изјави Пелоси.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера беше ослободен од американскиот Сенат од обвинение за поттикнување бунт на Капитол на 6 јануари – 57 сенатори гласаа дека тој е „виновен“ и 43 – „не е виновен“. За осудување на поранешниот претседател беше потребно двотретинско мнозинство – 67 од 100 сенатори.

Републиканците имаат 50 места во Сенатот, што значи дека најмалку 17 претставници на партијата на Трамп мораа да гласаат против него.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел претходно изјави дека ќе гласа за ослободување на Трамп.

Во пораката до партиската група во горниот дом на Конгресот, Меконел ја нарече неговата одлука „тешка“. Во исто време, тој тврди дека Сенатот нема капацитет да го гони поранешниот претседател во овој „политички процес“.

Доналд Трамп ја напушти функцијата на 20 јануари, така што импичментот не можеше да се искористи за да се отстрани од власта. Но, демократите се надеваа дека процесот на импичмент ќе го смета за одговорен за нападот, во кој загинаа пет лица, и ќе гласаа за забрана на Трамп да има јавни функции во иднина.

Републиканците исто така го спасија Трамп на гласањето на 5 февруари 2020 година – во претходниот процес на импичмент, кога само еден сенатор во нивните редови – Мит Ромни – гласаше „за“ неговото осудување и смена.

Трамп е третиот американски претседател за кого постапката за импичмент беше активирана двапати и првиот кој се соочи со таков процес по напуштањето на функцијата.

Трамп, кој беше ослободен од Сенатот од обвинение за поттикнување бунт, вети дека ќе продолжи да ја брани „величината на Америка“.

„Нашето величествено, историско и патриотско движење „Да ја направиме Америка повторно голема“, само што почнува“, наведе Трамп во изјавата, повторно претставувајќи се како жртва на „лов на вештерки“.

„Ќе имам многу што да споделам со вас во следните месеци и едвај чекам да ја продолжам нашата неверојатна авантура на патот кон големината на Америка“, додаде тој, без да ја наведува својата политичка иднина.

Трамп им се заблагодари на сите сенатори „кои гордо го бранеа уставот“ и го критикуваше процесот на импичмент како „нова фаза во најголемиот лов на вештерки во историјата“.

Лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, ја критикуваше денешната одлука на Сенатот за ослободување од обвинение на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, под обвинение за поттикнување на бунт на неговите приврзаници. Тој нагласи дека гласањето е „неамериканско“ и дека се навредуваат патриотите кои ги дадоа своите животи за земјата.

– Поранешниот претседател ја инспирираше, насочи и охрабри толпата насилно да спречи мирна транзиција на власта, да ја поткопа волјата на народот и незаконски да го задржи тој претседател на власт, изјави Шумер.

– Нема ништо понеамериканско од ова…Ништо, ништо не е понеетичко за нашата демократија, навредувајќи генерации американски патриоти кои дадоа животи да ја одбранат нашата форма на власт, потенцира Шумер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.